Серија 3-5 повторувања – Зошто се потребни?

Тренинг со тегови е единствен начин за да се изградат мускулите, а особено се базира на кревање тежини што претставува голем предизвик за телото и предизвикува и најголем напредок.
За сето ова, постојат голем број на причини, и неколку научно докажани тези треба да послужат како мотивација за посебно обрнување внимание на перформансите на кратките серијии каде што може да се направат само 3-5 повторувања.
1. Предизвикување на преоптеретување
Филозофијата за Зголемување на мускулите е јасна, што повеќе се изложувате на големи предизвици, мускулите едноставно ќе станат поголеми и посилни.
Откажување од вежбање и правење пауза по првото чувство на непријатност и болка во мускулите, никогаш нема да биде начин за вистински напредок.
Преоптоварување и доаѓање до краен отказ е единствен докажан начин да се постигне поставената цел.
2. Активирање на брзогрчечки влакна
Мускулите не се составени од сите влакна од ист вид, па може да нагласиме дека дека се делат на брзогрчечки и бавногрчечки влакна или само на брзи и бавни мускулни влакна.
Секоја од овие два вида на влакна се активира на посебен начин, бавни се, како што сугерира самото името, влакна кои може да се погодат низ подолги повторување односно вежбајќи со мали оптеретувања, додека брзите се активираат со кревање на големи тежини.
3. Откривање на мускулна нерамнотежа
Сосема е природно дека одредени мускули на едната страна од телото, да се поразвиени отколку оние на другата страна на телото.
Ова е резултат на начинот на живот, работата со која што луѓето се занимаваат и слично а да не се открие дисбалансот помеѓу левата и десната рака, рамената, нозете…
На телото му е потребно да се изложува на поголеми предизвици, бидејќи при помали искушенија никогаш нема да биде откриено дека едната рака полесно турка тежини и шипка од другата и слично.
Дури кога ќе се откријат недостатоците, може да се пристапи кон нивно решавање.