СЕ ЗА БОДИБИЛДЕРОТ РОНИ КОЛМАН

• Датум на раѓање: 13 мај во 1964 година
• Место на раѓање: Монро, Луизијана
• Образование: Средно училиште Бастроп, 1982 Универзитетот Грамблинг 1986
• Оженет со: Кристин Ачкар Колеман
• Деца: Џемилих и Валенсија Даниел
• Професија: Резервен полициски службеник во полицијата во Арлингтон
• Висина: 180 cm
• Тежина: (конкурентска) 135 kг (надвор од сезона) 150 кг
Рони Колман (полно име Роналд Дин Колман) е роден 13 мај 1964 година во Монро, Луизијана (САД).
Професионален американски бодибилдер и добитник на осум титули г-дин Олимпија.
Апсолутен рекордер (со Ли Хани), бидејќи овој натпревар го освојувал секој пат кога ќе застанел на сцената од 1998 до 2005.
Рони е полноправен член на ИФББ(Меѓународна федерација на бодибилдери).
Со осум победи во Олимпија како професионален бодибилдер Рони држи рекорд од 25 победи по ИФББ во која тој го претекна Винс Тејлор (22 победи) во Москва на 5 ноември 2004 година.
Рони Колеман дипломира со почет по сметководство на Универзитетот Грамблинг во 1989 година, каде што тој играше фудбал под водство на познатиот тренер Еди Робинсон.
По дипломирањето, Рони стана полициски службеник и уште ги извршува своите должности како полициски службеник резервист во Тексас.
Рони Колман е член на повеќе здруженија а еден од најголемите поборници на Inner City игри, организација која во 1991 година ја организирал сегашниот гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер, во 2001 Рони официјално им ја врачи наградата на Тексашката морнарица, од страна на Гувернерот на Тексас Рик Пери, за исклучителни достигнувања во бодибилдинг и промовирање на физичкото здравје и фитнес.
Неговиот тренинг се состои од заеднички сложени движења со слободни тежини и powerlifting; ретко користиуреди за вежбање.
Тренира шест дена во неделата во текот на сезоната и тренинзите обично не му траат повеќе од 75 минути.
Во зависност од делот од сезоната во која се наоѓа, Рони знае да вежба 2-4 часа на трака за трчање генерално со низок интензитет и брзината што одговара на 5 км / ч.
Голем дел од неговата исхрана е пилешко кое му е потребно да ја надокнади дневната доза на протеини.
Во моментов, Рони Колеман зема 400 грама протеини на ден, што е 200 грама помалку од денот кога, како што сега тврди, тој изгледал прегломазно во средниот дел на телото.
Освен протеински суплементи, Рони користи разни додатоци кои вклучуваат Nitrix, CellMass, NO Explode и Axis-HT заедно со витамини.
Во јавноста нема муабети дали користи стероиди или не, но огромното мнозинство на експерти за ББ се убедени дека користи поради неверојатната телесна маса и мал процент на масти во телото.
Генерално, Рони Колман има репутација како еден од најсилните и најдисциплинираните бодибилдери денес, иако рутински му биле потребни три месеци одмор по г-дин Олимпија за да го среди сворто тело (веке не се натпреварува на Мистер Олимпија).
ЗОШТО РОНИ Е ТОЛКУ СЛАВЕН?
Тој е познат по тоа што сите во светот го знаат како одличен бодибилдер.
Тој е човек кој е осум пати ја освои титулата на г-дин Олимпија, како и многу други титули за кои тој стекна голема слава во светот.
Рони е познат и поради неговиот рекорд од 25 победи во ИФББ.
ЗОШТО ГО САКАМЕ РОНИ?
Го сакаме бидејќи тој е одличен бодибилдер и се што работи, работи неверојатно посветено и прецизно.
Исто така луѓето го сакаат затоа што тој на сцена и надвор од неа е многу смирен човек, кој верува во себе и во своите идеали.
Рони е добар човек на кого му се восхитуваат сите луѓе.