Се за Витаминот Е

Главна состојка на липосолубилниот витамин Е претставува еден од најзначајните природни антиоксиданси во клеточните мембрани и липопротеини.
Витамин Е претставува липосолубилен витамин што делува како антиоксиданс.
Игра важна улога во метаболитичките процеси и имуниот систем. Добри извори на витамин Е се растително масло, маргарин, семки, јаткасти плодови, зеленчук и некои житарици.
Поголемиот дел од луѓето го земаат овај витамин преку храната во доволни количини.
Личности со одредени пореметувања, како што се болести на црниот дроб, цистична фиброза, и Кронова болест имаат поголема потреба од овој витамин.
Слободната хидроксилна група на ароматичниот прстен е одговорна за антиоксидативните својства на витаминот Е.
Водородот од оваа група претставува донор на слободните радикали, што резултира со релативно стабилна форма на слободна радикална форма на витаминот.
Витамин Е претставува антиоксидант што ги штити клетките од оштетувања под дејство на слободните радикали.
Витамин Е е важен во формирањето на црвените крвни зрнца и помага на организмот да го искористи витаминот К.
Најдобар начин да се задоволи организмот со овој витамин е разновидна исхрана.
Витамин Е во исхраната го има во следниве намирници: растителни масла, маргарин, жолто обоените масти (каротеноиди и витамин А и Д), ладно цедено масло, полнозрни жита, кикирики, ореви, пченица, пченка, сончогледово семе, семе од памук , овес (зоб) брашно, јајца, мајонез, месо (кртина), црн дроб, риба, пилешко месо, масло од соја, темно зелен зеленчук, детелина (свежа или сува), грашок, слатки компири, шеќер меласа.
Употреба
Витаминот Е е неопходен за оптимално функционирање на имунолошкиот систем, здрави очи и заштита на целиот организам. Исто така е поврзан со превенција на голем број на болести. Терапевтските придобивки од витаминот Е се:
– Превенција и третман на рак . Витаминот Е е познат антиоксиданс кој е поврзан со намален ризик од рак на гастроинтестиналениот систем, грлото на матката, простатата, белите дробови и ракот на дојката.
Покрај употребата на витаминот Е во превенција на рак, тој се испитува и како третман против рак. Покажано е дека го инхибира растот на туморите на простатата и индуцира апоптоза (клеточна самодеструкција) на канцерските клетките.
Витаминот Е исто така, се испитува како можен адјувантен третман кај пациенти со рак подложени на радијациона терапија. Се смета дека високите дози на антиоксиданси во исхраната можат да ја зголемат ефикасноста на радијационата терапија а во исто време и да ги заштитат здравите клетки од оштетување.
– Заштита на имунолошкиот систем. Различни студии покажале дека суплементите на витаминот Е, особено кај постарите пациенти, ја зајакнуваат функцијата на имунолошкиот систем.
Овие пациенти покажале подобрување во имунолошкиот одговор, зголемена резистенција на инфекции и зголемена продукција на антитела. Витаминот Е исто така е употребуван кај ХИВ позитивни пациенти за забавување на прогресијата на болеста.
– Превенција на болести на очи. Клиничките испитувања за витамин Е, покажале дека, суплементарната терапија со витамин Е, значајно го намалува ризикот од катаракта и макуларна дегенерација, осебно кај жените.
– Превенција на губиток на меморија. Дефицитот на витамин Е се поврзува со послаби резултати на тестовите за меморија, кај некои постари лица.
– Третман на Алцхајмерова болест. Во студија изведена на Колумбија Универзитетот, истражувачите откриле дека пациентите со Алцхајмерова болест, кои земале дневни суплементи на витамин Е подолго одржувале нормално функционирање, отколку оние кои земале плацебо.
Слична ваква студија е извршена во 2002, од група на Холандски епидемиолози, спроведена помеѓу 1990 и 1993, со дополнителни испитувања во 1994 и 1999, но на многу поголема група на испитаници.
Студијата ги потврдила наодите на истражувачите од Колумбија универзитетот, дека високиот внес на витамин Е со исхраната го намалува ризикот за развој на Алцхајмерова болест.
– Третман на болести на црниот дроб. Витаминот Е може да го заштити црниот дроб од болести.
– Третман на дијабетес. Витамиот Е може да помогне кај пациенти со дијабетес, да го искористуваат инсулинот поефикасно. Исто така се покажало дека е ефикасен и кај третманот на дијабетичната невропатија. Витаминот Е ги намалува симптомите на дијабетската невропатија и ја подобрува брзината на преносот на нервните импулси.
– Анелгетик. Витаминот Е има антиинфламаторно и анелгетско дејство. Студиите покажале дека може да се користи за третман на артритични болки кај некои лица.
– Превенција на Паркинсонова болест. Внес на високи дози на витамин Е е поврзан со намален ризик од добивање на Паркинсонова болест, според една холандска студија од 1997.
– Третман на тардивна дискинезија. Инндивидуи кои земаат невролептични медикаменти за шизофрениа или други нарушувања, можат да имаат несакани ефекти, како доцна дискинезија, пратена со неволни повторувачки движења и мускулни контракции. Суплементацијата со витамин Е можат да ги намалат или елиминираат овие несакани ефекти кај некои лица.
– Третман на порфирија. Се покажало дека витаминот Е може да биде корисен при третманот на порфирија, група на нарушувања карактризирани со абнормалности во метаболизмот на крвните пигменти, преку намалување на екскрецијата на овие пигменти во урината.
Другите бенефиции на витаминот Е се помалку разјаснети или им недостигаат контролни студии за нивна поддршка. Во нив спагаат следниве:
– Нега на кожа. Се смета дека витаминот Е ја зголемува толеранцијата кон УВ зраците доколку се зема како суплемент заедно со витамин Ц. Витаминот Е се користи и во третманот на рани за нивно побрзо заздравување.
– Жешки бранови (валунзи). Според една мала студија направена во клиниката Mayo, истражувачите откриле дека преживеаните од карцином на дојката кои страдале од жешки бранови, почувствувале намалување на овие жешки бранови после земање на суплементи со витамин Е.
– За одржување и репарација на мускулното ткиво. Неодамнешните испитувања покажале дека антиоксидативните својства на витаминот Е можат да превенираат оштетување на мускулното ткиво предизвикано од напорни тренинзи.
Исто така, давањето на суплементи на витамин Е пред некоја хируршка процедура на мускулите или зглобовите ги намалува реперфузионите повреди за време на операцијата (мускулно оштетување кое се појавува кога крвотокот е запрен и потоа повторно овозможен во ткивата и органите).
– Плодност. Покажано е во испитувања со животни дека витаминот Е ја подобрува функцијата на спермата и се смета дека има слични ефекти и кај луѓето.