СЕ ЗА ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈ !!

За да спремите правилно зелен чај ќе треба да имате на ум неколку важни работи.
Квалитетот на водата
-Добриот кавлитет на вода е од есенцијално значење за добра шоља чај.
Генерално гледано, градската вода едноставно не е доволно добра.
Иако водата е бактериски испитана воглавно е премногу тврда за конзумирање на чај.
Затоа е подобро да користите флаширана вода или вода прочистена преку специјален филтер за вода.
Температурата на водата
-Со температурата најчесто се прават грешки. Ако водата е премногу топла односно превриена, вашиот чај ќе стане горчлив и ќе ги изгуби повеќето лековити својста!
Зелениот чај треба да го припремите во вода на температура од 75 и 80 целзиусови степени.
Поради тоа што водата која врие на 100 степени, или пак ќе треба да ја оладите со малку додавање на ладна вода, но најдобро е да го прекинете загревањето кога вриењето се приближува ( се појавуваат мали меурциња кои се издигнуваат нагоре ).
Пред додавање на чајот во вода
-Загрејте ја шољата во која ќе ги промешате чајот и водата.
Кога ќе го дадете чајот помирисајте го мирисот на кој го испушта во тие моменти, а потоа додајте ја водата во шољата!
Времето на приготовка
-Уште еден критичен елемент во процесот на приготвување на зелениот чај е времето кој ќе го чувате зелениот чај!
Во зависност од тоа за каков вид на чај станува збор, ако имате филтер кесичка таа не треба да стои повеќе од 5 минути во шољата.
Доколку се работи за ливчиња зелен чај тие треба да отстојат од 5 до 10 мин максимум, тие ќе мошете да ги искористите за уште едно приготвување на чај.
Оставете му простор на чајот да се прошири зошто тогаш е најдобар!
Зелениот чај во вода се шири. Затоа најдобро за чајот е да се приготви во кинески или јапонски чајник кои се дизајнирани спред тој факт.
Овие чајници се направени од печена глина која е најдобар материјал за приготвување на добар чај.
Кога ќе го процедите чајот во шоља ке приметите мали трошки од чајот кој ќе пливаат насекаде и потоа ќе паднат на дното.
Тоа е нормална појава ако сакате испијте го и тоа.
Пред првата голтка загледајте ја бојата на чајот, помирисајте ја карактеристичната арома.
Со текот на времето и искуството ќе научите да разликувате добар и помалку добар чај според аромата.