Се за Кик боксот

Кик-боксот е борбен спорт кој потекнува од САД, иако постојат индиции дека потекнува од Јапонија врз основите на бокс, карате, таеквондо, кунг фу и други повеќе или помалку познати боречки вештини.
Гардот е превземен од боксот, дупли текунг.
Рачните техники се од боксот, како најефикасни, ножните техники веќе нешто се разликуаат од училиште до училиште, но најдобро поминуваат ударите од саватеа, бидејќи ножните удари во овој спортот се доведени речиси до совршенство.
Едно правило при удар со нога е дека петата на вашата стоечка нога гледа кон противникот, затоа што тогаш не го удирате само со една нога туку си целото тело.
Инаку луѓето многу грешат кога се плашат да тренираат кик бокс, бидејќи сметаат дека таму се сите тепачи а во повеќето случаи не е така.
Другата заблуда е дека не е за жени што исто така е погрешно. Инаку многу добар спорт со кој се развива и телото и духот, воглавно борците доста опуштени и многу ментално силни а со тоа и физичката сила.
Во кик-боксот се разликуваат неколку дисциплини, како што се: лајт-контакт, фул-контакт, лоу-кик, К-1.
Карактеристиките на лајт- контакт е без удари во главата, а смее да се удира со рацете и нозете затоа е сличен на каратето.
Фул контакт е малку погруб, но не е дозволено да се удира под појас, и може да се удира со раце и нозе, но не смеат да се удираат потколениците.
Во лоу-кик е дозволено да се удри под појас и потколениците затоа тој е малку погруб.
Најгруб е К-1, каде што се дозволени удари со коленото, тоа е мешавина со тајландски бокс.
Главната цел на борецот е да се надминат противниците со подобра техника, брзина и сила со максимална сигурност, толеранција, чесност и чест.
Се вежба воглавно во земјите од западната хемисфера.
Европскиот начин на вежбање тајландски бокс понекогаш се нарекува Ориентален кик-бокс.
Речиси идентичен со кик-боксот е шут-боксот.
Во кик-боксот се користи максимална лична заштитна опрема која се состои од шлем, штитник за заби, штитник за градите (пред се за жени), штитник за гениталиите, ракавици, штитник за потколеници, влечки, итн.