Се што не знаеме за аминокиселините !

Аминокиселините се основни блокови од кои се состојат протеините. Нашата потреба за протеини всушност е потреба од аминокиселини. Тие содржат азот кој е четврт по застапеност елемент во телото.
Сите аминокиселини во нашиот организам се од групата Алфа, што значи дека имаат азот на првиот (алфа) јаглероден атом во молекулата. Азотниот атом има на себе прикачено водороден атом со што ја создава амино групата. Оттука е терминот “амино” во нивното именување.
Покрај неа, аминокиселините содржат и карбоксилна група, како кај масните киселини.
Карбоксилната група е основа на карбоксилната киселина и од овој факт е превземена “киселина” во именувањето. Карбоксилната група е исто така прикачена на алфа (првиот) јаглероден атом. Се состои од атом на јаглерод, два атома на азот и атом на водород.
Амино и карбоксилната група прикачена на алфа јаглеродниот атом и даваат на молекулата асиметричност која ја накривува поларизираната светлина. Нашето тело може да ги искористи само аминокиселините кои ја ротираат светлината кон лево.
Таквите аминокиселини ќе ги препознаете според дополнителното L пред нивното име. (Со исклучок на тауринот, GABA-та и глицинот кои не се ниту “L” ниту “D” вид и фенилаланинот кој може да се искористи и во двете форми).
Алфа аминокиселини има многу, но само 20 се пронајдени во човековите протеини. Некои протеини ја сочинуваат структуралната форма на организмот, додека други се ензими. Иако за животот се неопходни сите 20 аминокиселини, само 9 од нив се прехранбено есенцијални.
Преостанатите 11 организмот може самиот да ги креира од есенцијалните 9.
Есенцијалните аминокиселини се хистидин, изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, фенилаланин, треонин, триптофан и валин.
Иако хистидинот се вбројува во есенцијалните аминокиселини само кај новороденчињата, поновите истражувања покажуваат дека би можел да биде есенцијален и за возрасните.
Аргинин, орнитин, цистеин, цистин, таурин и тирозин се вбројуваат во неесенцијалните аминокиселини, но кај некои лица, поради болести или дигестивни дисфункции се сметаат за есенцијални.
Недоволното консумирање на есенцијални аминокиселини ја зголемува телесната потреба за неесенцијалните аминокиселини. И едните и другите – есенцијални или неесенцијални, во телото се заслужни за производството на хормони, ензими,неуротрансмитери, антитела и транспортери на хранливи материи.
Опис на функциите на некои позначајни аминокиселини :
Л-Аргинин. Есенцијална за мускулниот метаболизам. Тој е вистински превозник при транспортот и искуристувањето на азотот. Истовремено е многу важна компонента за изградба и регенерација на ткивата. Во висока концентрација се наоѓа во кожата и во сврзните ткива, и помага во отстранување на амонијакот како дел на циклусот на уреата.
BCAA : (аминокиселини со разгранети ланци, Л-Леуцин, Л-Валин и Л-Изолеуцин).
Мускулното ткиво во голема мера е составено од ВСАА кое ја користи за производство на енергија и синтеза на протеини. Исто така вклучени се во метаболизмот на неуротрансмитерите, природни хемиски процеси во мозокот кои влијаат на расположението и на менталните функции.
Л-Карнитин. Карнитинот е всушност дипептид – амино киселина составена од две други есенцијални аминокиселини, лизин и метионин. Л-карнитинот е важна за метаболизмот на мастите, особено во срцето и мускулните клетки. Неопходна е при транспортот на долги синџири на масни киселини во митохондриите каде киселините оксидираат и се согоруваат за производство на енергија.
Л-Цистеин (L-Cistein). Аминокиселина со сулфур и со антиоксидативни својства. Важен е за синтеза на креатин, протеините кои се наоѓаат во кожата, косата и ноктите. Има важна улога во метаболизмот на енергијата и синтезата на масните киселини.
Л-Глутаминска киселина. Таа е најзастапена аминокиселина во пченицата. Инволвирана е во метаболизмот на шеќерите и мастите. Има важна улога за нормално функционирање на мозокот, синтеза на ДНК, глутатион и останати аминокиселини. Помага при отстранувањето на амонијакот надвор од телото.
Л-Глутамин. Најважен извор на енергија за мозокот и целото тело. Го има во церебралниот кортекс и во други делови на мозокот. Концентрацијата на глутамин во крвта е од три до четири пати повисока од останатите аминокиселини. Телото го конвентира во глутаминска киселина. Докажано е дека има исклучително важна улога за правилно работење на имунолошкиот систем.
Л-Глутатион. Природен носител на сулфур, пептид составен од од три аминокиселини: глутаминска, цистеин и глицин. Дејствува како антиоксиданс и детоксикант, а сучевствува при транспортот на аминокиселините преку страничните мембрани.
Глицин. Природен антацид и засладувач, кој е вклучен во синтезата на ДНК, фосфолипидите и колагенот. Помага во складирање на гликозата за енергија преку подобрување на гликогенските депоа.
Л-Хистидин. Иако идецата и возрасните можат да синтетизираат мали количини на хистидин во телото, поголемиот дел од нрго го внесуваме преку исхраната. Тој е формиран од хистидинота клетките го ослободуваат како имунолошки одговор. Значаен е за раст и поправка на ткивата.
Л-Лизин. Важен е за раст, за регенерација на ткива и производство на хормони, ензими и антитела. Последните истражувања беа фокусирани на можната важна улога во борба против херпес вирусот. Во големи количини го има во мускулното ткиво.
Л-Метионин. Уште една аминокиселина со сулфур и со антиоксидативни својства. Важен е за здрави нокти и кожа, за синтеза на таурин, л-цистеин, лецитин, л-кернитин и ендорфин.
Л-Орнитин. Комбиниран со Л-Аргинин делува на хормонот за раст. Неопходен е за функциите на црниот дроб и имунолошкиот систем.
DLPA (D, Л-Фенилаланин). Тој е комбинација на природна форма на фенилаланин (Л форма) и неговата рефлексија односно (Д-формата). ДЛ-Фенилаланин веројатно поседува единствена улога како блокатор на некои ензими на средниот нервен систем кои вообичаено се задолжени за распаѓањето на природните, слични на морфиумот хормони наречени ендорфини и енкефалини.
Таурин. Едноставен сулфурен спој и една од најзастапените аминокиселини во телото. Има различни улоги за нормално функционирање на мозокот, срцето, очите, циркулаторниот систем и жолчната кеса.
Во основа, неговата функција е во овозможувањето на протокот на јоните на натриум, калиум и магнезиум низ клеточните мембрани со стабилизирање на клеточниот електрицитет. За малите бебиња тауринот е есенцијален, бидејќи не можат самостојно да го синтетизираат.
Л-Треонин. Важен за развој и стабилна функција на тироидната жлезда и имунолошкиот систем. Во комбинација со л-аспатичка киселина и л-метионин ја потпомага функцијата на јетрата.
Л-Тирозин. Тој е составен дел на протеинските амино шеќери и амино липиди, кои пак имаат повеќекратни функции. Важен е за мозокот бидејќи е прекурсор за неуротрансмитерите – допамин, норепинефрин и епинефрин.
Важен дел е и за некои пептиди, како што се енкефалините кои служат против мозочните болки. Исто така тој е прекурсор за хормоните налик тироидот и катеколестроген (соединенија кои се воедно естрогени и катеколамини) и истовремено е најзначаен за пигментацијата – мел