Симптоми на синузитис

Затнат нос, болки во пределот на челото и на лицето, лоша концентрација, висока температура, исцрпеност, кашлица – ова се непријатните симптоми на воспаление на синусите. Како да ги отстраните?
Синузитисот обично се лекува со антибиотици, а многу помага и внесувањето на витамини А, Ц, Е, цинк и селен, инхалација со чај од коприва, како и пилешка супа, која го решава проблемот со затнатиот нос.
Доколку болеста не е многу напредната, главоболката предизвикана од студенилото можете да ја запрете и со затоплување.
Истуширајте се со топла вода, не излегувајте надвор без капа што ви го покрива челото и правете инхалација со чај од коприва.
Акутната главоболка може да помине многу побрзо отколку што мислевте.
Симптоми на синузитис
Симптоми на синуситис се затнат нос, секреција на слуз, притисок, болка, зголемена температура, замор и исцрпеност, како и главоболка.
Многу често се случува и слузта да се слева од синусите во грлото.
Кај потешките случаи може да се јави болка во увото и во вратот, забоболка, губење на чувството за мирис и солзење на очите.
Синузитисот обично се лекува со антибиотици, деконгестанти и таблети против болка.
Се препорачува и инхалација, користење солена смеса што се втрива во носот, навлажнувачи на воздухот и топли облоги што се ставаат на болните места.
Додека трае акутната инфекција пожелно е да се престојува во просторија со стабилна температура на воздухот.