Сквотови или ножна преса:Што е подобро?

Кога тренинг на нозе доаѓа на ред, голем број како почетници така и напредните вежбачи, се прашуваат која вежба или уред да го одберат.
Дали ‘рбетот на тренинг на долниот дел од телото да се сквотови или ножна преса, односно дали да вежбате со слободни тежини или за уред.
Одговорот на ова прашање на секој за себе може да направи по детална слика на добрите и лошите страни на двете форми на тренинг за долниот дел од телото, половината која кај многу вежбачи заостанува за разлика од “атрактивниот” горнен дел од телото
Ножна преса
Во споредба со традиционалните сквотови, ножната преса нуди неколку големи предности.
Всушност многу е полесна оваа форма на изведување отколку што е случај со сквотовите, според тоа со само најосновните инструкции на тренерот или друг поупатен вежбач, и луѓето кои прв пат доаѓаат во теретана може квалитетно “да ги средат” нивните квадрицепси.
Друга одлична страни од вежбање на преса е тоа што со правилно држење на телото и држење на долниот дел на грбот рамен и припиен за уредот, може целосно да се добие ефект од вежбањето на овој дел од телото.
Поентата е дека долниот дел на грбот на многу луѓе им е слабата точка, па при правење сквотови самите нозе често не може да издржат значително поголеми напори и да напредуваат подобро, но ги ограничува болниот грб.
Сквотови
Една од комплексните кралски вежби. Тоа е основната разлика помеѓу сквотови и преса, бидејќи пресата изолира одредени мускули додека при вршење сквотови речиси сите мускули на телото се во акција.
Кога правите сквотови со слободни тежини, не постојат никакви прашања унапред дизајнирани од страна на производителот.
Затоа, поголема е слобода на движење и се избегнуваат можните нарушувања кои можат да се појават поради можен дефект на уредот.
Покрај тоа сквотовите го креваат на сосема ново ниво она што се нарекува стабилност и целокупна рамнотежа на телото.
Значи на телото му е препуштено да затегнува разни други мускули за да одржи баланс додека кај вежбањето на преса е веќе завршената работата од страна на самиот уред.
Тоа е причината поради која на преса може да кревате поголема тежина одколку при правење сквотови.
Најголемата предност на сквотовите е скриена и може да ја знаат само оние кои имаат малку повеќе знаење.
Се работи за тестостерон и хормон за раст, чија секреција е најефикасна при правење на сквотови.
Нозете се огромни мускули а кога на тоа дека скоро секој мускул исто така работи и има својот удел во секој поединечен сквот, станува логично зошто тогаш овие два најважни хормони се ослободуваат.
Се разбира и со пресата се постигнува овој ефект, но на многу послабо ниво.
Препорака
И двете вежби се многу добри, па затоа е најдобро да се извлече најдоброто од двете.
Затоа, најмудра одлука е за столб на тренингот на нозе сепак да се постават сквотовите, но исто така вежбањето на преса да не се изостави.
Најдобро е да се постигне целосна пумпа и максимален мускулен замор што води кон сигурен напредок.