СКЛЕКОВИ (PUSH-UPS)

Мускули на кои вежбава примарно делува: средните градни мускули, стерналната глава (middle pectoralis major, sternal head).
Секундарни мускули кои учествуваат во извршувањето на вежбава: трицепс brachii, anterior deltoid.
Кога се прави оваа вежба? – На крајот на тренинг на градите
Легнете со лицето кон подот и потпрете се на рацете на подот во ширина на рамената. Нозете испружени.
Кренете се нагоре до комплетно испружување во лактите.
Со овој потег обрнете внимание дека лактите треба да бидат благо свртени кон нанадвор.
Полека вратете се на стартната позиција. Вдишете при спуштање и издишете при кревање.
Нозете може да бидат составени или благо разделени, може да бидат на подот или подигнати на бенч клупа или на пилатес топка.
Подигање на нозете од подот на повисоко ниво (на пр. бенч клупа) оваа вежба ќе станае потешка и ќе ги опфати горните мускули на градите.
Меѓутоа ако ги држите нозете на подот а рацете ги потпрете на некоја издигната површина изведувањето на вежбата ќе стане многу полесно, а фокусот ќе падне на долните градни мускули (како на Сликата).