Смути од боровница со чиа семе

Состојки:
• 2 супени лажици чиа семе
• 350 мл бадемово млеко
• 150 гр боровинки (може и замрзнати)
• 1 супена лажица кокосово масло
• 1 чајна лажица екстракт од ванила
• цимет
Подготовка:
Чиа семето ставете ги во сад и додадете го 120 мл бадемово млеко. Измешајте добро и оставете така да отстои барем 15 минути.
Потоа земете ги сите други состојки и додадете ги во чиа семето и сето ова ставете го во блендер. Микасјте додека не добиете еднолична смеса.
Чиа семето на ова смути ќе му даде желатинозна мазна текстура и нутритивно ќе го зајакне со омега 3 масни киселини, влакна и протеини.
Кокосовото масло на вкусот ќе го надополнителни со мирис на лето а комбинацијата на боровинка и екстракт од ванила е полн погодок на кој никој нема да може да одолее.
Нутритивна вредност:
• Енергетска вредност: 355 kалории
• Протеини: 5,8 гр
• Јаглехидрати: 33 гр
• Масти: 24,2 гр.