СМУТИ ОД МАНГО и ФСТАЦИ

Ова смути се конзумира како замена за оброк или ужина. Полно со витамини и натриум. Одлично за почеток на денот!
Време на подготовка: 3 минути
СОСТОЈКИ
3/4 чаша замрзнати парчиња манго
3/4 чаша немасен грчки јогурт
1/2 чаша ладна вода
1/2 супена лажичка сок од лимон
1/2 супена лажичка јаворов сируп
Капка екстракт од ванила
Малку цимет
1 кафена лажичка сецкани фстаци
ПОДГОТОВКА
Сите состојки се блендираат во блендер. Откако смесата ќе се изедначи се сипа во чаша, одгоре се украсува со сецкани фстаци.
НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ
• 200 калории
• 1.5 гр масти
• 26 гр јаглени хидрати
• 85 гр натриум
• 2 гр влакна
• 18 гр протеини.