Смути од чиа

СОСТОЈКИ
1 Праска
50 гр Капини
50 гр Чиа семе
5 мл Јаворов сируп
50 гр Овесни снегулки
200 мл Вода
ОПИС
Се блендираат сите состојки и се служи со коцка мраз.
– Праска
Праската е сочно овошје која е богата со витамин Ц, бета-каротен и антиоксиданси. За да ги подготвите праските за смути, измијте ги убаво, исечете ги на половина и отстранете ја семката. Нема потреба да ги лупите, особено ако користите органски праски.
– Овесни снегулки
Овесот содржи специјални влакна кои ефикасно го намалуваат нивото на холестерол. Исто така, може да го регулира и шеќерот во крвта и да ја спречи појавата на тип 2 дијабетес. Знаете ли дека овесот се користи како природно решение против чешање?
– Вода
Препорачуваме во секое смути да додадете течна состојка. Обично, водата е добар избор бидејќи има неутрален вкус и нема дополнителни калории. Таа е најдобар извор за хидрирање на планетава. Многумина од нас се дехидрирани а не се ни свесни за тоа.
– Семето од Чиа содржи:
– 8 х повеќе Омега-3 од лососот
– 30% повеќе антиоксиданти од капината
– 25% повеќе влакна од лененото семе
– 5 х повеќе калциум од млекото
Нутритивни вредности :
Енергетска вредност: 28,2 kалории
Протеини: 14 гр
Масти: 1,8 гр
Јаглехидрати: 5,2 гр.