СМУТИ СО ЦРВЕНО ГРОЗЈЕ

Грозјето и малините се одличен извор на витамин Ц и антоцијанин, кои им даваат темно црвена боја.
Антоцијанинот и витаминот Ц се моќни антиоксиданси кои помагаат во обновување и забавување на стареењето на клетките.
Овој смути е совршен за подигнување на енергијата или опоравувањето по тренингот.
Состојки :
30 гр протеин од сурутка со вкус на ванила PRO WHEY SHAKE 700 gr
120 гр црвено грозје
10 гр малини
5 гр ленено семе
4 коцки мраз
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и добро изматете. Се служи со мраз.
Хранливи вредности:
Енергетска вредност: 211 кцал
Протеини: 24 гр
Масти: 9 гр
Јаглехидрати: 22 гр.