СНОУБОРД-ПОЧУСТВУВАЈТЕ АДРЕНАЛИН НА СНЕГ

Голем број луѓе секоја година зимскиот одмор го поминуваат на некои од многубројните скијалишта ширум Европа каде што уживаат во природата, свежиот воздух, вареното вино, веселото друштво и во зимските спортови.
На повеќето скијалишта сезоната е веќе отворена, а ако сте вие еден од оние среќници кои веќе резервирале место на некоја планина не ви преостанува ништо друго туку да се подготвите за активен одмор за да подоцна не би ги чувствувале последиците од истиот.
Еден од начините со кои сигурно одлично ќе се забавите, ќе го почувствувате адреналинот, но и за да ги искористите мускулите за кои не сте ни знаеле дека ги имате, сигурно е сноубордот.
Обединувајќи ја во себе грациозноста на сурфингот и техниката на скоковите и вртењата на sketboardot, snowboardingot е трка која едноставно мора да ја доживеете.
Затоа не е чудно да во последните десет години го превзема водството меѓу најатрактивните и најпопуларни спортови. Ако до сега не сте имале прилика да се опробате во зимските спортови, сноубордот може во почеток да ви делува малку застрашувачки, но во стварност не е така.
Отпочнал да се развива во првата половина на дваесетиот век а својата популарност ја започнува во во седумдесетите и осумдесетите години.
Денес е натпреварувачки, олимписки спорт во кој со голема брзина и со голема прецизност се изведуваат сложени елементи во скокови или се совладува теренот.
Ако сте рекреативец и оваа година по прв пат сте се решиле за сноуборд, никако не препорачуваме да купувате опрема. Секогаш постои можност спортот да не ви се допадне па со изнајмување на опремата ќе заштедите пари.
Да би го испробале овој млад, предизвикувачки и забавен спорт пред се ви е потребна штица односно Board со приврзоци, чевли за сноубординг и топла и удобна облека.
А за да се чувствувате по сигурно и да ги спречите несаканите повреди се препорачува и носење на кацига и штитници за зглобовите.
Но сето тоа нема да ви помогне да уживате на снегот ако пред скијашката сезона не сте одвоиле неколку седмици или дури неколку месеци за да кондицијски добро се подготвите за снежната авантура.
Станува збор за спорт кои во главно се ослонува на анаеробните извори на енергиа а со помал дел и на аеробните.
Сем функционалните способности потребно е и завидно ниво на моторички способности-снага, координација, раmнотежа, флексибилност и агилност.
Кај сноубордингот, како и кај скијањето се појавуваат специфични оптеретувања кои во својата комплексност многу се разликуваат од останатите спортови.
Сноубордингот освен спуштањата по стрмините се состои од свртувања, качувања, одење, паѓање и подигање при што се активираат разни групи на мускулатурата.
Но сепак најголеми носители на оптеретувањето во овој спорт се долните екстремитети и рбетот.Затоа е потребно добро да ги подготвите мускулно – зглобните системи за напорите кои ги очекуваат.
Со соодветна подготовка ќе ги намалите можностите за настанување на повреди, воспалениата на мускулите и ќе го подготвите организамот за надморските височини и целодневните напори.
За да успееме најдобро е подготовките за сезоната да траат во текот на целата година а не две седмици порано. Ако несте во можност да работите во текот на целата година на својата кондиција, тогаш е потребно барем 2-3 месеци пред планираното заминување на планина.
А колку повеќе се приближува сезоната потребно е во тренингот да уфрлите што е можно повеќе специфични вежби карактеристични за снежните спортови.
Пред се потребно е да се поработи на издржливоста за да што подобро се поднесе целодневниот престој на снегот и честите висински разлики во многу кусо време.
Аеробниот тренинг ќе ви го даде основното ниво на мускулната издржливост така да не почувствувате замор во мускулите ни после 10 – 20 минути спуштање низ стрмнината.
Еднаш кога мускулите ќе се заморат, што посебно се однесува на мускулите на нозете, концентрацијата ви се намалува и со тоа се зголемува вероватноста за повредување.
Подобра издржливост ќе постигнете со било која врста на аеробен тренинг како на пример трчање со промена на темпото , возење на велосипед или возење ролери.
Без обзир за која врста на активност се работи пожелно е да трае подолго од 30 минути. Ако не сте доволно подготвени да трчате 30 минути без пауза, се препорачува интервален тренинг кај што наизменично се менуваат трчање и одење, во зависност од способноста на рекреативецот.
За создавање на солидна издржливост пожелно е да се работат аеробни тренинзи 2 -3 пати неделно минимално 6 седмици.
Со текот на времето почнете да ја зголемувате должината на делницата а подоцна и темпото а намалувајте го времето на одморот. Тоа најлесно ќе го направите ако во трчањето уфрлите кратки спринтови, клекнувања или исчекори.
Пожелно е да се комбинира аеробниот тренинг со тренинг за снага. Неизоставно е, секако, пред и после секој тренинг добро да се истегнете. Важноста на истегнувањето (stretching) се гледа во зголемувањето на еластичноста и амплитудата на покретите, подобрувањето на мускулно – зглобната кординација, намалување на уморот на мускулите и со самото тоа минимализирање на повредите на лигаментите и зглобовите.
Втора многу важна компонента при кондицијската подготовка е снагата, посебно снагата на долните екстремитети.
Во сноубордот се јавуваат големи сили поради промената на смерот, кочењето и брзото спуштање низ стрмините што бара голема количина снага, посебно во мускулите на натколеницата. За квалитетен тренинг за снага не ви се потребни никакви реквизити ниту справи.
Најдобри резултати ќе постигнете изведувајќи вежби со сопствената телесна тежина.
Важно е само при изборот на вежбите да водите сметка за нивната разноврсност. Од вежбите најефикасни ќе бидат сите врсти на скокови на една нога, на двете нозе, хоризонтално, вертикално, во страна, со додатна ротација, клекнувања на двете нозе, на една нога, на баланс плоча, исчекор напред и во страна, подигање на прсти за листовите, истовремено подигање на прсти со клекнување, одножување, заножување и слично.
Секако тука тренингот не завршува. Горниот дел од телото исто така треба да се подготви адекватно за напорите кои не очекуваат. Јакнењето и покретливоста на стомачните и грбните мускули допринесува за формирање на цврсто тело неопходно за воспоставување и одржување на рамнотежа.
Тоа најдобро ќе го постигнеме со сите вежби за јакнење на трупот ( сите верзии на вежби за стомачни и грбни мускули). Рацете и раменскиот појас ќе ги јакнете со помош на разни вежби со мали тегови и предни и задни упори. Во програмата на тренингот важно е да се вклучат и вежбите за рамнотежа.
Рамнотежета е моторичка способност која веројатно најмногу прави разлика помеѓу оние луѓе кои брзо ќе научат snowboard од оние на кои тоа ќе им оди поспоро.
Рамнотежата ни овозможвуа завземање и задржување на стабилна положба во сноубордот или враќање во стабилна положба после нејзиното нарушување.
Рамнотежата најдобро ќе ја постигнеме со изведување на разни вежби со баланс токпка, баланс перничиња, баланс плоча и слично.
Флексибилноста и координацијските способности се две многу важни компоненти за секој што се бави со зимски спортови.
Колку што е патеката по стрмна, теренот по разнолик, толку е потешко да се координираат правилно движењата на телото.
Затоа е нужно во непосредните подготовки за скијање да се уврстат и вежби за целото тело и координација. Тие вежби се многу значајни кога е во прашање ритамот, ориентацијата, чувството за рамнотежа и способноста за реакција.
Затоа ако не сакате зимата да ја поминете во станот под покривачите собирајќи вишок килограми соберете екипа, земете го сноубордот и тргнете кон најблиската патека. Добриот провод е загарантиран !