СОВЕТИ ЗА НЕГУВАНИ УСНИ

Ниските и високите температури проследени со ветер се главен непријател за нашите усни, па еве како да ги одржиме усните хидрирани и меки.
Како би ја избегнале појавата на испукани усни, ние ви предлагаме шест начини како да го постигнете тоа:
1. Пијте вода
Дехидрираноста е најчеста причина за испукани усни. Важно е да пиете многу вода во текот на денот, како вашето тело би било добро хидрирано, а вашите усни многу поубави.
2. Пчелин восок
Освен тоа што е попостојан од било кој балсам, со нанесувањето на пчелин восок се формира и заштитен слој така што ветрот и ладното време нема да може да ги исушат усните.
3. Направете пилинг со мед
Сè што ви е потребно за овој пилинг е половина лажичка мед и една лажичка шеќер.
Со благо втривање на оваа смеса на усните, ќе ги отстраните мртвите остатоци од кожа и на вашите усни ќе им ја дадете неопходната хидратација.
4. Четка за заби
Усните нежно истријте ги со влажна четкичка за заби и вашите усни ќе станат нежни и мазни.
5. Бадемово масло
Бадемот изобилува со протеини, витамините Е и Б, како и есенцијални минерали и здрави масти, па тоа прави да биде одличен природен препарат за испукани усни.
Бадемовото масло има омекнувачки својства коишто подмладуваат и ги омекнуваат вашите усни.
Потребно е да нанесете само неколку капки бадемово масло на испуканите усни, неколку пати дневно.
6. Читајте ги декларациите
Не сите балсами за усни се исти. Балсамот којшто во себе содржи минерални масла и петролејски гел не ги навлажнува усните толку колку што само ги покрива, а неретко се случува дури и да ги исушува.