Совети за низок притисок

Проблеми со срцевиот притисок се многу честа појава, особено кај постарите лица, но се повеќе и почесто и кај помладите луѓе.
Затоа е потребно да се најде најдобар начини да се справите со овој непријатен проблем.
1. Промена на распоред на оброците – јадете почесто во помали количини
За време на варењето најголема количина на крвта се пренесува кон стомакот, што особено може да предизвика непријатни и несакани ефекти во форма на намален притисок по голем оброк.
Затоа, најдобро решение е да јадете често, но секој пат мала количина.
2. Зачувајте ја водата во организмот – дозволено е повеќе сол а алхохолот забранет
Солта ги врзува течности во телото, па конзумација на солен оброк резултира со зголемување на крвниот притисок.
Од друга страна, алкохолот го прави спротивното, ги исфрла течностите од телото и ја забавува работата на мозокот и го пореметува центарот за рамнотежа.
Интересно е и откритието дека алкохолот влијае негативно врз малите нервни завршетоци и е одговорен за стегање на крвните садови што доведува до циркулаторно нарушување.
3. Поттикнување на циркулацијата со туширање и положба на спиење
Циркулацијата можно е да се поттикне со алтернативна промени во температурата на водата при туширање и со овој чин помагате на зајакнување на крвните садови.
Од друга страна драстичните промени на позицијата од седечка во лежечка положба и обратно може да предизвика вртоглавица, па затоа се препорачува да се користи малку поголема перница.