Совети како да ги направите совршени трепките

Доколку имате кратки и ретки трепки и мислите дека вашите очи никогаш нема да изгледаат занесно – се лажете.
Со малку маскара и со неколку трикови, вашите очи можат да изгледаат неодоливо и секси како никогаш до сега.
При изборот на маскара, секогаш одлучувајте се за онаа што ги издолжува трепките и што им дава волумен.
Ако сакате вашите трепки да изгледаат погусто, пред нанесување на маскарата нанесете црно моливче по должината на линијата на трепките.
Кога ќе ја нанесувате маскарата, со четкичката опфатете ги трепките од корен, направете кратки движења на лево и на десно, а потоа продолжете се до врвот на трепките.
Оставете го првиот слој да се исуши, па тогаш нанесете го вториот.
За да ги издолжите трепките и да ги извиткате, вториот слој од маскарата нанесете го гледајќи надолу.
*Ако имате тенки и осетливи трепки, внимателно вадете ја шминката.
Избирајте производи што се наменети исклучително за вадење на шминка од очите.