Сокот од портокал го намалува холестеролот

Стеролот по состав е сличен на холестеролот, а можат да се најдат во овошје, зеленчук, јаткасти плодови, семенките, житарките и мешункстите плодови.
Со тоа што го намалуваат LDL холестеролот т.е. лошиот, намалувајќи ја неговата ресорпција во тенкото црево, често се додаваат и во марагарините, дресинг салатите и други маснотии.
Новите истражувања покажаа дека растителните стероли можат да бидат подеднакво делотворни ако се доадат и во сок од портокал.
Ова откритие е многу интересно бидејќи сокот од портокал го пијат сите, од деца до возрасни.
На овој начин збогатен, сокот од портокал би бил погоден за лица кои имаат благо покачен холестерол, а не користат лекови нити пак сакаат драстично да го сменат својот начин на исхрана.
Истражувањето траеше 10 недели.
За време на тој период 72 лица со возраст од 20 до 73 со благо накачен холестерол, пиеле сок од портокал збогатен со стероли покрај секој оброк.
Во меѓувреме никој не ја сменил вообичаената исхрана.
Резултатите покажале дека кај сите нив дошло до смалување на севкупниот холестерол за 7,2 % и LDL холестеролот за 12,4 % во споредба со контролната група.
Третманот со на овој начин збогатен сок од портокал е исклучително прифатлив бидејќи осигурува доволна количина на стерол за неговата ефикасност, а да притоа не се внесуваат заситени маснотии туку витамин C, флавоноиди и други нутриенти кои се наоѓаат во него.