СОНЧЕВА ИЛИ ЖОЛТА ДИЕТА

Сончевата диета е брза диета,со која може убаво да ослабнете,а притоа да не се трудите премногу.
Таа е добро позната диета која уште ја нарекуваат и диета со жолта боја.
Инаку, денес брзите диети се многу популарни од останатите диети.
Тие ви овозможуваат да намалите окулу 4 кг за 8 дена.
Општи информации за Сончевата диета
Сончевата диета не би требало да трае повеќе од осум дена.
Ако правилно ја следите, може да намалите и до четири килограми.
Основно правило на оваа диета е дека можете да користите само природни производи и тоа само оние кои се со жолта боја.
Намирниците кои може да ги користите во текот на оваа диета се: агруми, кашкавал, кајсии, дињи, банани, тикви, жолти јаболка, круши и други намирници со жолта боја.
Дневно може да конзумирате до 500 гр жолта храна.
Покрај ова, потребно е да се усогласите со уште еден услов : дневниот оброк треба да содржи најмалку четири различни намирници и тие да се користат во еднакви количини.
Во текот на сончевата диета може да пиете вода и жолти сокови но треба да се има на ум дека сокот исто така е вклучен во вкупниот износ на конзумираната храна.
Дополнителни информации за Сончевата диета
Како и секоја диета и оваа ќе биде многу поефикасна во комбинација со вежби, затоа што физичката активност не само да ја намалува тежината, туку и помага да се намали обемот на телото што е приоритет за оние кои се на диета.
Секојдневно брзо получасовно пешачење е сосема доволно.
Сончевата диета е контраиндицирана кај трудниците и луѓето кои имаат хронични болести.