СО ГРОЗЈЕ ПРОТИВ МАСНИТЕ НАСЛАГИ !

Со грозјето брзо се симнуваат наслагите од сало, а и здраво е за јадење.
Добро е дури и за кардиоваскуларниот систем, помага и кај анемија, астма и нервни болести.
Сега е вистинско време за уживање во ова овошје.
Пазарските тезги се преполни со грозје и вистински момент е за диета базирана на ова овошје.
Ако се двоумите: црно или бело, дајте му предност на црното (поздраво е и успешно го чисти организмот од токсини).
Грозјето е полно со калиум и со гроздов шеќер, па не би требало да чувствувате некои значајни напади на глад, напротив, очекувајте пораст на енергијата.
Сепак, диетата со грозје не им се препорачува на сите. Доколку имате изразена прекумерна тежина, чир на жечудник, дијабетес, колитис, дијареја или дизентерија – пред диетата посоветувајте се со лекар.
Кога бирате грозје определете се најпрвин за она со семки зашто содржи поголеми количини полифеноли и го запира процесот на стареење.
Оваа диета е релативно лесно да се спроведува, а притоа да не чувствувате глад.
Некои студии покажале дека консумирајќи грозје го намалуваме ризикот од рак на белите дробови, па оваа диета им се препорачува пред се, на пушачите.
Грозјето е богато со минерали како што се калиумот, магнезиумот, железото, калциумот, фосфорот и кобалтот.
Овие супстанции ја подобруваат работата на мозокот, ја јакнат мускулатурата…
Грозјето е добро и за бубрезите.
Содржи 20 отсто шеќер, па има голема енергетска вредност.
Има и доволно витамин Ц, но најважно е тоа што е богато со биофлавоноиди, антиоксиданси кои ги штитат клетките од влијанието на слободните радикали.
Најдобриот извор на флавоноиди е сокот од црно грозје. Не треба да се занемари ниту важноста на семките кои делуваат на намалување на холестеролот.
Ако се одлучите за тридневна диета со грозје, купете си 4 килограми и следете го ова правило: првиот ден изедете половина килограм, вториот ден – 1,5 килограм, а третиот – два килограми.
Паузите меѓу оброците треба да бидат околу два часа. Во текот на диетата можете да пиете чаеви или негазирана вода.
Ако се определите за седмодневна диета, подгответе се за изгладнување.
Првиот ден не јадете ништо, пијте само негазирана вода или чај. Така ќе ги исчистите внатрешните органи. Во текот на следните шест дена јадете дневно по 1,5 килограми грозје.
Ако не сакате диета, испробајте барем еден ден да јадете грозје за да го прочистите организмот.
Со оваа диета ќе го подбрите варењето, ќе ги исчистите цревата, а и ќе изгубите по некој килограм.
Од вас се очекува единствено тоа во текот на целиот ден, кога и да посакате, да јадете грозје, вкупно два килограми во текот на денот.