Со медитација ослободете се од негативните мисли

Често кога се одмораме и ја пуштаме нашата имагинација некаде да не води велиме дека медитираме. Сепак, зборот медитација во повеќето случаи погрешно се користи.
Медитација е состојба на битието. Исто како сонот не може да се практикува. Кога ќе одлучиме да медитираме, всушност вежбаме фокусирање.
Одбираме точка и постојано мислите треба да ги фокусираме на неа. Кога целото внимание се фокусира на една точка, умот полека се празни од мислите и тогаш е можно да се постигне состојба на медитација.
Низ историјата, медитација го пратела развојот на еволуцијата. Самото знаење дека имаме свест, му овозможи на човечкиот род да научи да ги контролира и да ги следи мислите, духот и телото.
Медитација е природен, безопасен процес. Да се Постигне во пракса не е лесен процес, бидејќи мислите често може да одлетаат и треба напор повторно да се фокусираат на целната точка.
Во процесот на медитација Вклучете ги вашите сетила
Во процесот на медитација е корисно да се вклучи едно од сетилата. За визуелно ориентирана личност, средството за фокусирање е задржување на сликата во мислите која предизвикува позитивни чувства.
Ваквите особи би требало да задржат слика на свеќа со светлосен призор, драги личности или сцени од природата како цвеќиња, камења, небо, море и слично.
Најлесен начин да се фокусира е со природниот тек на вдишување и издишување.
Лицата кои не се визуелно ориентирани, може да ги користат други центри на внимание.
Да речеме дека слушно ориентираните луѓе се фокусираат на природните звуци како ветер, бранови кои удираат во карпа, чукање на дождот на прозорецот …
Популарната мантра или “звучните вибрации” обично се бесмислени слогови (обично тоа се: Ом, хари ом, хари Рам,ом шанти), кои исто така се користат за окупација на умот.
Кинестетички ориентирани луѓе може да се фокусираат на сетилото за допир. Нека тоа бидат најсилни допири, како ветрот што нежно ја милува кожата.
Совладајте ги едноставните техники на медитација
За да го смирите вашиот ум и да го ослободите од негативни мисли, треба да научите да медитирате.
Одредете дваесет минути, кога никој нема да ви смета, удобно сместете се, исклучете го телефонот. Пожелно е да се отвори прозорец за свежа циркулација на воздух низ собата.
Можете да седнете на подот во традиционалната положба со нозете прекрстени, или на цврст стол со стапалата на подот.
Важно е положбата да е удобна, алиштата да не ви се тесни и подготвени сте за релаксирање.
Задржете го грбот исправен, рамената опуштени. Рацете во крило со смирени шаки.
Обрнете внимание на околината во која се наоѓате, а потоа затворете ги очите.
Кога ќе станете свесни за тоа каде се наоѓате во моментов, фокусирајте се на здивот што го издишувате низ нос.
Кога воздухот ви се враќа повторно во носот, целосно исполнете ги белите дробови без напрегнување.
Важно е да се фокусирате на протокот на воздух низ носот и неговата температура.
Воздухот што го вдишувате е ладен додека оној што го издишувате е топол. Кога ќе се постигне ритамот на вдишување и издишување, без бучава, дишење ќе продолжи само без ваша контрола.
Мислите се фокусираат на перципирање на протокот на воздухот. Забележете ги сите мисли и чувства кои доаѓаат до вас, кои ќе ве потсетат повторно да се сосредочите на дишењето.
Цело време бидете свесни за искуството со дишењето, почувствувајте нежен допир на воздухот во носот и промени правецот на протокот на вдишувањето и издишувањето.
За да ги совладате овие техники е потребно време. Кога ќе постигнете смиреност на телото, се фокусирате на умот и свеста, ќе настане внатрешна тишина.
Тоа ќе ви помогне да го намалите стресот и сите негативни мисли кои го окупираат вашиот ум.