Со храна против целулит

Зголемената телесна тежина е нешто сосема друго од болното пореметување на поткожното ткиво кое е познато под името целулит.
Во првиот случај во поткожното ткиво се собира маст, а во вториот течност.
Ќе кажете дека е сосема сеедно дали прекумерните сантиметри ги предизвикува водата или салото!
Секако, но дебелината и целулитот не се лекуваат на ист начин.
Оваа болест го напаѓа строго одреденото место: нозе, подрачја над колената, бедрата, стомакот, рамењата, потилокот.
На надворешната страна на колковите создава “јавачки панталони” кои посебно ги загрижува жените за време на годишните одмори.
За разлика од дебелината, правиот целулит е болен и него го карактеризира хроничен едем.
Кога со показалецот и палецот малку ги притиснеме кожно заболените подрачја, се чуствува пуцкање на стотина ситни меури, додека под прстите можат да се напипаат големи јазли.
Типичен е надворешниот изглед на заболените места: кожата изгледа зрнеста, таква е и портокаловата кора.
Која е причината за целулитот?
Сигурно е дека го предизвикува хормонално пореметување, но не е познато по што.
Посебно на него се склони нервозни луѓе кои и помеѓу останатото патот и од хроничното зачепување на цревата, ентероколитистот, намалената функција на црниот дроб, од улога на копривњачата.
Утврдено е дека трајната нервозна исцрпеност која кај современите жени настанува како последица на психички шокови, тага, жал и неуспех во работата, влијае на појава на целулитот.
Некои автори сметаат дека причините кои доведуваат до целулит се и во врска со нездравта крв.
Спречување и хигиена
Важно е да се воспостави рамнотежа на телесните функции, а за тоа нема подобар рецепт од доброто располоение, здрав сон, вежби и опуштеност.
Избегнувајте ги сувомеснатите производи.
Јадете што повеќе зеленчук и природни диуретички билки како што се артичоката, босилек, цикорија, зелка, краставица, лимон, јагоди, обична салата, кромид, портокал, глуварче, праз, јаболка, ротквица и шпаргла.
Најдобрата намирница против целулитот е ананасот. Поволни резултати имале оние болни кои по секој оброк земале по половина од плодот на ананасот.
Но, добри резултати дава и нашата диња, лубеница, грејпфрут и белата праска.