Стронгмен вежби кои драматично ја зголемуваат масата

Гигантите од 180 килограми што влечат авиони и возови, кои трчаат со оптоварувања кои обичниот човек не може ни да замисли да ги подигне, физички се најсилните мажи на планетата и се собираат под покровителство на Стронгмен натпревари.
Иако секој од нив има неверојатна генетска предиспозиција за таква сила и таква појава, повеќе од половина од процесот на развој на овие луѓе, како и секој друг, го имаат развиено преку посветено тренирање до крајни граници.
Гледајќи ги нив и нивните натпреварувања, станува јасно дека тие се оние кои ја поместуваат границата во одржување на товар, трчање со товар и подигање или фрлање огромен товар.
Токму овие вештини, стронгмените ги развиваат со неколку основни вежби, кои и сите други (бодибилдери, фитнес модели и други) треба да ги усвојат и драстично да го забрзаат својот процес на зголемување на силата и добивање на мускулна маса.
1. Фармеров од
Совршена за кондиција, сила на зафатот, како и општата сила на јадрото на телото, фармеров од е една вежба која сите ние лесно може да ја изведеме, како и да ја прилагодиме на своите способности и потреби.
Се изведува едноставно одејќи со поголема тежина во двете раце, без разлика дали тоа се тегови, кетбели, специјални шипки со рачки, плочи – тегови или било кој друг потежок предмет.
2. Стронгмен мртво кревање
Додека обичните монструозни мртви кревања се вршат со шипка и бројни плочи-тегови на неа или големи тркала, кај стронгмените тоа се прави поинаку.
Ним им треба држач кој може да биде прикачен на автомобил или некоја друга форма на огромен товар и едноставно тие овој тип на товар го креваат.
Вежбање на овие импресивни зафати се врши со специјална шипка за мртво кревање а методите за спремање на овие најсилни луѓе, како и без сомнение напредокот и силата и мускулната маса дури и кај другите луѓе ќе се зголеми.
3. Херкулово држење
Херкулово држење е вежба која ја става силата на рацете и телото во сериозен предизвик, со цел задржување за рачки прицврстени на тежина што е можно подолго.
Во суштина, се работи за вежба борба со гравитација и држење столбови од кој секој со тежина од 160 килограми.
“Обичните” луѓе во оваа вежба Херкулово држење на телото може едноставно да се обидат на крос машина со кабли.