Сурфање на ветaр

Сурфање на ветер или windsurfing е воден спорт. Измислен од страна на Питер Чилверс во Велика Британија во 1958 година.
Комбинацијата на сурфање и едрење.
Најчесто се сурфа во текот на летото и пролетта.
Сурфање на ветер во натпреварувачки дух може да биде слободно или трка околу пловци што и е дисциплина на Олимписките игри.
Едрењето воопшто е олимписки спорт од почетокот на модерниот Олимпизам.
Во текот на историјата, правилата и класите на игрите се менувале.
Сурфање на ветер е олимписки спорт од 1984 година за мажи и 1992 година за жени.
Меѓународната едриличарска федерација, во мај 2012 година, одлучи да биде на Олимписките игри во 2016 година, наместо сурфање на ветер да биде kitesurfing но во ноември истата година 2012 ги смени правилата во корист на сурфањето на ветер.
Сурфање на ветер
Сурфање на ветер постои во различни форми. Поголеми едра бараат поголема човечка сила за да се контролираат но даваат поголема сила и со нив се оди побрзо.
Различните големини влијаат на брзината. Со потенки едра побрзо се движи. Опсегот на дебелина зависи од употребените материјали.
Потребно е многу вежбање за да стане добар натпреварувач. Има многу места низ целиот свет каде што луѓето патуваат само за сурфање.
Некои од најдобрите места се наоѓаат на западниот брег на САД, Хаваи, Австралија и Индонезија.