Сусам – чувар на здравјето!

Сусамово масло е добра превенција при формирање на тромб и долгорочен затвор, ја намалува болката кај ревматоиден артритис и ги санира повредите, акните, раните, изгорениците …
Омилена намирница на ориенталните и Северно африканските земји, сусамот (Sesamum indicum) одамна се одомаќини и во нашиот регион и се користи на многу начини.
Кај многу традиционални јадења, торти, слатки, лебови и пецива, сусамот е една од најважните состојки.
А за неговото лековито дејство против ќелавост, првут, забоболка, зуење во ушите, ишијас, нарушувања при доењето … знаеле древните Египќани, Асирците, Вавилонците, Индијците и Кинезите.
Денес, сусам највеќе се одгледува во Кина, Индија и Судан, бидејќи неговото семе содржи помеѓу 45 и 60 проценти од високо квалитетно масло кое се користи за готвење, спремање салати и маргарин.
Сусамот е високо едногодишно растение со мешункасти плодови а семињата се многу хранливи и се берат зрели а потоа се сушат.
Семето од сусам содржи најголема концентрација на фитостероли, состојка која по хемиската структура е слична на холестеролот.
Фитостеролите имаат моќ, ако тие се доволно застапени во исхраната, да го намали нивото на холестерол во крвта, подобри имунитетот и да го намали ризикот од одредени видови на рак.
Инаку, семето претставува едно од најкорисните додатоци во исхраната, додека сусамовото масло се смета за многу квалитетно, па затоа често се користи како замена за маслиновото масло.
Сусамово масло е добра превенција при формирање на тромб или згрутчување на крвта но се користи кај долготраен затвор и нередовна столица.
Се препорачува кај отстранување на цревни паразити, чистење на дебелото црево, како и за лекување на хемороиди и болка придружена со крварење.
Во народната медицина се користи за рехабилитација од повреди, акни, чирови, брадавици, изгореници …
Сусамот е многу богат со железо, па доволно е да се внесат 50 грама од ова семе за да се задоволат дневните потреби на човекот за овој минерал.
Освен железо во големи количини е присутен и калциумот, манганот, бакарот, магнезиумот и селенот.
Од витамините посебно место зазема витаминот Е, кој е моќен антиоксидант, кој ги штити клетките од стареење, појава на тумори и болести на срцето.
Во исто време, одличен извор е на тиамин и Б1, Б6, пиридоксин, ниацин, фолна киселина и рибофлавин.
Сезаминот е уште една состојка важна за заштита на црниот дроб од оксидативно оштетување.
Заедно со сезамолинот и лигнаномот влијае на намалување на холестеролот и крвниот притисок и го зголемува нивото витаминот Д. Протеинире и масните киселини омега-6 се исто така важни состојки за здравјето.
Истражувањата покажаа дека сусамот е ефикасен против болки и воспаленија кај ревматоиден артритис и астматични напади.
Иако е тежок за чуствителни стомаци, сусамот сепак повремено треба да се јаде, затоа што е совршен за чистење на дигестивниот тракт.
Се разбира, прво треба тремички да се обработи, односно да се испече или да се пропржи на тивок оган.
Во земјите каде што се одгледува, сусамот има репутација како моќен афродизијак. Врз база на овој зачин се подготвуваат пијалоци за потенција.
За да се добие пијалок треба да се измеша сусамот и афион во еднакви количини и во оваа мешавина да се додаде помала количина на семе од коприва, кромид и морков и лажица шеќер.
Сите состојки се мелат во прав и се мешаат, а лажичка од оваа смеса се раствора во чаша со вино и се пие бавно.
Лековити тинктури
*За луѓето кои немаат во организмот доволно калциум, сусамот е одлична намирница која што трееба да ја изберат.
Доволно е една супена лажица од овие семенки да се потопат во 0,5 децилитри јогурт, и да ги оставите да престојат преку ноќ.
Наутро оваа смеса да се испие на празен стомак. Оваа постапка треба континуирано да ја повторувате.
*За лечење на хемороиди треба да се сомели една лажица од сусамово семе и на ова да додадете една лажица вода.
Сево ова заедно се меша додека не добиете паста и на ова додавате една лажица путер.
Се добро се мати а потоа се мачка на парче тост и се јаде.
*Против изгореници – две лажици сусам се потопуваат во една чаша вода, потоа се варат неколку минути. Потоа содржината ја цедите и ја оставате да се излади.
Со памук натопен во ладен чај па во смесата треба да ги премачкувате изгорените места повеќе пати на ден.