ТЕНИС – Кралски спорт

Тенисот, кои што денес популарно се нарекува и бел, кралски или џентлменски спорт во својата суштина представува многу едноставна игра во која еден играч го удира топчето враќајќи ја на другиот, се така до звршувањето на поенот.
Настанал како забава за аристократите, а со текот на времето се развил во спорт кои од спортистите бара профинета техника а од публиката манири скоро како да се во театар.
Не може со сигурност да се утврди кога овој спорт настанал но се предпоставува дека со овој исклучително раширен спорт започнале уште старите Еѓипќани, Грци и Римјани, но сем неколку резби во еѓипетските храмови за наведените факти нема многу докази.
Уште некои древни народи и култури како што се Астеците и Маите ја познавале играта со рекети и топчиња многу слична на тенисот но сем како спорт тоа го сметале и како света церемонија.
Играчката спретност и вештината во ракувањето со топчето значело дека се работи за лице кое постигнало рамнотежа во секојдневниот живот но исто така и со планетарните сили или со природните божества.
Зборот тенис (англиски) вероватно потекнува од името на еѓипетскиот град Tinnis додека за зборот racquet (рекет ) се смета дека настанал од арапскиот збор за дланка rahat.
Првобитниот тенис се разликувал од денешниот.
Се играл во затвоерни простори односно во големи дворани.
Бодовите се освојувале према тоа како топчето се одбивало од зидот за разлика од lawn тенисот како ние го познаваме, кои се игра на обележен правоаголен терен по други правила.
Тенисот каков денес го знаеме настанал окулу 1874 година.
Англискиот мајор Валтер Клоптон Вингфилд ги дефинирал правилата на играта и службено ги регистрирал во заводот за заштита на патенти.
Денес, најуспешниот турнир оној Вимблдонскиот, оджан е е за прв пат 1877 година со 2 играча и 200 навивачи и од тогаш овој спорт и службено се нарекува тенис.
Ако сакате да го играте кралскиот спорт на самиот почеток мора да се запознаете со основниете правила на тенисот и со опремата која е неопоходна за игра.
Сем доброто распложение и физичката кондиција опрема која ви е сеакао неопходна е тениското топче и рекетот.
При одбирањето на рекетот за тенисот потребно е да се води сметка за неколку карактеристики на рекетот – големината на грипот, големината на главата на рекетот, должината, балансот, тежината, крутоста – тврдоста на рекетот, врстата на матерјалот од кој е напаравен како и распоредот на жиците на рекетот.
Денес рекетите најчесто се изработуваат од карбон, алуминиум, борово дрво и кевлар (лесно, цврсо пара – армидно вештачко влакно).
Карбонските рекети се веројатно најпопуларни, бидејќи овозможуваат голема сила на ударот.
Тие се чест избор на почетниците и на искусните тренери. Секој што се занимава со тенис подолго време ќе ви открие кои тип на реќет му одговара , така да е добро да се испробаат различни реќети пред да се одлучи кои е оној вистинскиот.
Големината на гриповите за тениските рекети варира од помалку од 4 инчи ( 10,16 цм ) за јуниори до 4 ‘ 7/8 “ ( 12,15 цм) за дланките на возрасните лица. Ова може да изгледа како мал интервал но разликата од 1/8 инчи донесува изненадувачки резултати.
Подолгото користење на преголем, или посебно премал грип може да предизвика повреда на раката, зглобовите на раката и лактот.
Наједноставен начин да одредите дали ви одговара големината е да рекетот и показалецот од левата рака (ако рекетот го држите во десната), пробате да го ставите помеѓу коренот на дланката и врвовите на прстите на десната рака.
Ако е големината адекватана би требало да остане толку простор да прстот може да влезе.
Ако има повеќе простор тогаш грипот е голем а ако нема доволно простор да показалецот влезе тогаш значи дека грипот е мал.
Тенискиот терен е рамна површина а димензиите се разликуваат за сингл игра и игра во парови.
Димензиите на стандардниот тениски терен се 23,77 м должина и 8,23 м ширина.
Мрежата се наоѓа точно на средината и го дели теренот на два еднакви дела. Поставена е паралелно со основните линии.
Висината на средината е 91,4 цм а на краевите 107 цм. Играта почнува со сервис на едниот од играчите, а целта на другиот играч е секако успешно да се врати топчето со можност само еднаш да падне во неговото поле.
При играта каде учествуваат два играча, секогаш едниот е напаѓач ( англиски server ), оној кои што има чест прв да сервира а другиот го нарекуваме примател ( англиски reciver ) .
Правилата на самата тенис игра не се баш едноставни, затоа овде ќе ги представиме само најважните поими.
За да тенисерот го одигра мечот во своја корист мора по правило да добие два сета а понекогаш и три во зависност од турнирот.
А добивањето на сетот е можно ако еден од играчите е во предност во однос на другиот најмалку два гема, односно ако освои 6 гемови.
И на крајот гемовите се делат на бодови, а тие според правилата на играта растат од 0 ,15 ,30 до 40 легендата вели дека системот на бодување во тенисот е инспириран од часовникот односно поделбата на полниот час на четвртини.
Играта неретко трае прилично долго, во зависност од концентрацијата и спретноста на играчите.
Према доминацијата на моторичките способности тенисот припаѓа на спортовите во кои преовладува координацијата (спретноста) и агилноста (покретливоста) на спортистите.
Тенисот го карактризираат голем број на разни техники ( удари и движења) кои во главно се изведуваат со максимална брзина во долго временско траење.
Затоа за успешност во тенисот најмногу се одговорни способностите кои ги сочинуваат брзинско – експлозивните особини (брзина, агилност, екасплозивна сила) поради реактивните барања на играта и траењето на секој поединачен бод кои што зависи од подлогата на која се игра, но со енергетската потрошувачка се задржува во анаеробниот режим на работа.
Во последните години тенисот стана омилена рекреација на сите возрасти кои што сем многубројните физички погодности, исклучително поволно влиае и на менталната стабилност.