Топ 5 најдобри бодибилдинг суплементи

Ако прашате било кој професионален бодибилдер колкав удел во подобрување на формата и зголемување на мускулната маса има исхраната или суплементите, секој од нив ќе го каже дека во кујната се оставаат околу две третини од успехот а само еден во фитнес салата.
Поради ова и рачунајќи на тоа дека е физички невозможно да се внесе одредена количина на чист протеин, креатин или одредена амино киселина, без да се внесат и огромни количини на масти и други несакани супстанции измислени се додатоците во исхрана – суплементи.
Благодарение на овие додатоци во исхраната можно е да се постигне некаков напредок во однос на физичката форма, но првенствено треба да се знае кои додатоците се од суштинско значење и без кои не се исплати тренингот, а кои претставуваат повеќе луксуз и фрлање пари отколку нивната реална потреба , бидејќи еден рекреативец не е во можност на своето тело да ги види промените предизвикани од употребата на таквите додатоци, бидејќи постојат многу поважни нешта што треба да ги направи.
Главен суплемент без кој не вреди да се обидувате да ја зголемите мускулната маса и генерално ја подобрува формата на мускулите.
Со кревање на тежини не се градат мускулите туку се уништуваат или се кинат мускулните влакна кои во периоди на одмор со силна поддршка на вистинското гориво (протеини) повторно се составуваат, со што се создаваат уште посилни и повеќе врски отколку што сте имале порано.
На овој начин, мускулите стануваат посилни, поспособни и растат.
Така, протеините и аминокиселините од кои се составени протеините, се од витално значење во процесот на закрепнување.
Од друга страна, протеинот од сурутка или протеините произведени врз основа на протеин од сурутка се брзо апсорбирачки, чии две дози содржат околу 35 грама протеини, што сепак претставува совршен оброк веднаш по завршувањето на тренингот – кога на мускулите значително им треба соодветно гориво.
Покрај тоа конзумирањето на протеинот од сурутка се препорачува наутрото, пред тренингот и пред спиење, ако немаме можност да консумираме побавно апсорбирачки протеин.
Може да се конзумира во комбинација со вода и млеко, а треба да се знае дека апсорпцијата е поспора кога се комбинира со млеко и затоа оваа комбинација не се препорачува за време на оброк после тренинг.
Протеинот од сурутка е број еден додаток за изградба на мускулите но одма после него е креатинот.
Креатинот е супстанца која му помага на телото да произведе повеќе енергија, особено во мускулите.
Оваа енергија е позната како АТП и им помага на мускулите да останат подолго изложени на напори пред да почнат да стануваат како гума.
Колку подолго ќе можат да работат, јасно е дека е поголема продуктивност на тренингот а тоа на крајот помага во поголема градба на мускулите.
Креатинот исто така драстично помага во зголемување на силата и менталното фокусирање.
Бета аланинот се наоѓа во мускулите или поточно во брзогрчечките влакна кои се наоѓаат внатре во мускулите.
Зачуван е како соединение познато како карнозин кој делува така што им помага на мускулите во контракција и стегање за време на вежбањето, што е основа на секое повторување за време на тренингот.
Бета аланинот всушност ја стабилизира pH вредноста во мускулите, што помога во намалувањето на нивото на млечната киселина. Инаку млечна киселина е супстанција која настанува во уморните мускули и е одговорна за формирањето на болни грчеви во мускулите и чувството за време на воспаление.
Да сумираме, овој додаток им помага на мускулите да издржат повеќе напори пред исцрпување и ќе ја намали можноста за грчеви.
Уште еден фантастичен суплемент и есенцијална амино киселина која дава енергија и гориво во ќелиите кои се наоѓаат во внатрешноста на мускулите.
Глутаминот исто така го поттикнува и го зајакнува имунолошкиот систем.
Тоа го прави така што ги полни со гликоген мускулите, кои помагаат во драматично да се подобри и да се зголеми брзината со која телото ги обновува и зајакнува мускулите после вежбање.
Едноставно кажано, глутаминот е еден од најдобрите додатоци за опоравување после тренинг.
Совршена комбинација би била да конзумирате глутамин заедно со протеин од сурутка веднаш по завршувањето на тренингот.
БЦАА (разгранет синџир на амино киселини) или амино киселини со разгранет синџир е додаток кој помага за синтезата на протеините и опоравување на мускулите.
БЦАА може биде конзумирана пред, за време и после тренинг, и може да го подобри нивото на енергија, метаболизмот и да му помогне на телото да се опорави побрзо.
Кога ги консумираме овие амино киселини во форма на храна , како што е храна богата со протеини, тие се спроведуват до црниот дроб каде што се обработуваат и може веднаш да се користат како гориво за поправка и обновување на мускулите.
Овој процес е долготраен и многу од есенцијалните елементи може да се изгубат во текот на процесот.
Порадо ова, кога ќе консумираат БЦАА додатоци, тие го прескокнуваат црниот дроб и одат директно во мускулите, каде што речиси веднаш може да започнат обнова и зајакнување.