Тренинг за нозе – краток и ефикасен !

Зголемете ги вашите резултати и намалете го времето поминато во салата за вежбање.
Дали сакате неверојатни резултати во бодибилдингот? не мора да “живеете” во салата – тоа е голема заблуда!
Многу пати сте се нашле во ситуација да немате многу време на располагање за тренинг. Во тој случај, мора да се осигурате дека:
1- Правете рутински вежби кои ќе ги стимулираат повеќето мускулни влакна во краток временски период кои што можете да го поминете во сала.
2- Бидете сигурни дека секој сет на вежби е извршен совршено, поради малиот број на серии.
Почнете со вежби кои нудат невромускулна стимулација.
Кратки но ефективни вежби за нозе:
1- Ножна Екстензија: 5 серии од 13-20 повторувања
Почнувате со мали тежини од по 18 до 20 повторувања.
Потоа се зголемува тежината и правите 20 повторувања до крај.
На крајот на секое повторување следи одмор од 30 секунди до 1 минута.
5 серии ќе ви бидат доволни.
2- Целосни клекнувања (сквотови): 3 серии од 12-15 повторувања
Користете исто така мали тежини. Можете да ја зголемувате тежината во втората серија на поголема а во третата серија да ви биде најголема тежината.
Одмор меѓу сериите 90 секунди.
3- Исчекор во Одење: 3 серии од што повеќе чекори
Оваа вежба ја правите без тежини. Одмор помеѓу серии е 75 секунди.
4- Кревање на листовите: 4 серии од 18 до 20 повторувања
Оваа вежба ја правите без одмор. Одмарате само кога ги менувте нозете.
Заклучок
Ете и самите можете да се уверите дека не треба цел ден да го поминете во салата за вежбање, кога брзате можете да ги извежбате овие вежби инстант.
Изведувајќи ги вистинските вежби, создавајќи вежба помеѓу умот и мускулите, нагласувајќи ја техниката и формата и правејќи ги сите серии до крајот, можете да ги подобрите резултати и да го намалите времето во салата за вежбање.