Тренинг програма на познатиот акционен херој Вин Дизел

Познатиот Вин Дизел, Брз и бесен актер, сценарист, режисер и продуцент – е уште еден акционен херој кој го заслужува нашето внимание
Добро информираните сигурно му ја знаат листата на хит филмови (Планета на темнината, Спасувајќи го војникот Рајан, Брзи и бесни, Ридриковите хроники, итн), но нам не интересирани која тактика на тренинг и исхрана се крие зад совршено обликуваното мускулесто тело со кое уште во 1995 години остави голем впечаток во својот краток филм Multi Facial и јасно стави до знаење дека на филмската сцена блесна нова ѕвезда.
Ѕвездата која уште тогаш пред сета оваа слава, на светот му ја откри својата љубов кон добариот изглед и тренинзите, таа љубовта сеуште трае.
Таа љубов е факт дека Вин Дизел дефинитивно се вбројува меѓу фитнес иконите од кои можеме да научиме нешто. Тој тренира 3 пати неделно
Следува неговиот план за тренинг :
Понеделник / Гради и рамена
Загревање 5 минути на трака за трчање.
Потисок на клупа со шипка или тегови – 4 серии / 5,6 повторувања
Летање за гради на коса клупа – 3 серии / 10,12 повторувања
Склекови – 2 серии / до отказ
Потисок за рамена со тегови – 3 серии / 6 повторувања
Исправено веслање со шипка – 3 серии / 8 повторувања
Латерално кревање за средно рамена – 3 серии / 10,12 повторувања
Среда / Грб
Загревање 5 минути на трака за трчање.
Мртво кревање – 3 серии / 5 повторувања
Веслање со шипка – 3 серии / 10 повторувања
Згибови – 4 серии / до отказ
Петок / Нозе и раце
Загревање 5 минути на трака за трчање.
Прегиб со тегови на коса клупа – 3 серии / 8 повторувања
Стоечки Хамер прегиб – 3 серии / 10,12 повторувања
Трицепс екстензија на сајла со јаже – 3 серии / 8 повторувања
Тесни склекови – 2 серии / до отказ
Ножен потисок – 3 серии / 10 повторувања
Исчекори – 2 серии / 8 повторувања
Стоечко поткревање за листови – 2 серии / 13 повторувања