ТРИКОВИ ЗА ДА ЈАДЕТЕ ПОМАЛКУ И ДА ПОЧНЕТЕ ДА СЛАБЕЕТЕ УШТЕ ВЕДНАШ !!!

Најверојатно веќе знаете дека од тоа колку јадете многу е поважно она што го јадете, но не и ако ги следите правилата на исхраната која не е препорачлива да се јаде.
Поголеми количини, без оглед на тоа колку се здрави може да ни го одвлечат вниманието од целта.
Да бидете умерени во потрошувачката на храна ви презентираме 5 малку чудни, но дефинитивно ефективни трикови кои сигурно ќе ви помогнат да го намалите внесот на храната во текот на денот.
1. Јадете со спротивната рака. Ако сте деснак јадете со левата рака или обратно.
На овој начин потешко ќе внесувате храна (особено на некои јадења, како што се на пример шпагети) и така за иста количина на храна ќе ви требаат повеќе нерви и време, па многу е можно да станете од масата по мала количина на храна отколку порано.
2. Кладете се со членовите на семејството. Кој последен ќе стане да ги мие садовите (забрането е да се користи машина).
Ќе видите како вашите домашни јадат помалку од вас, вие ќе го забрзате оброкот само за да ги миете садови и така ќе јадете помалку.
А и ако останете последен на масата, овие дополнителни калории ќе ги потрошите на миење садови.
3. Искушајте се себе си. На пример, ветете си себе си дека за секој залак ќе направите по една стомачна вежба или колку јадете толку ќе трчате.
Така ќе вметнете дополнителна физичка активност во дневниот распоред и ќе се потрудите да јадете помалку иако сте мрзливи.
Ако не сте мрзливи и сакате да вежбате, оброкот нека ви трае подолго време, тогаш и ќе вежбате повеќе.
4. Пијте многу вода. Вода пред или за време на оброкот помага да јадете помалку.
Колку повеќе вода внесувате во телото пред или за време на јадењето едноставно помалку простор ќе има за храна.
5. Бројте се што ќе внесете. Ако ја претерате, ќе бидете изненадени од резултатите (што е често случај), а ако не, тогаш барем ќе знаете дека сте на вистинскиот пат.
За секој оброк што го јадете, претходно распрашајте се колку калории, протеини, јаглени хидрати и масти содржи а потоа почнете со јадње.