Трикови за правилно нанесување на кармин

Никогаш не е многу од добри совети за шминкање. Дознајте како да изберете вистинска нијанса на кармин и како карминот да го направите долготраен.
Нема ништо поубаво од тоа кога усните се негувани и совршено нашминкани.
Пронајдете ја идеалната розева боја
Не сте сигурни која розова нијанса е најдобра за вас? Само насмејте се , вашата совршена нијанса е приближно иста како и бојата на вашето непце, не посветла или потемна.
Направете карминот да ви трае подолго
За бојата и карминот да не ви се избришат во тек на денот, пополнете ја целата усна со неутрална боја на молив за уста, пред да го нанесете карминот.
Доколку е потребно, омекнете го врвот на моливот за уста пред нанесувањето, за да не ви остане јака линија.
Направете вашата сопствена нијанса
Секоја нијанса на карминот може да ве направи уште поубава, со еден едноставен чекор. А тоа е преку карминот да нанесете сјај за усни, тоа ќе ви даде неверојатен ефект.
Обликувајте ги усните без молив за усни
Направете илузија на два совршени врвови со карминот без да ги нацртате усните со молив, само натапкајте коректор над горната усна и потоа нанесете кармин.
Користете пудра за совршени голи усни
Започнете со бледо розова боја, па преку тоа нанесете пудра за да се создаде мат ефект.
Вистинска боја
Ако навистина ви се допаѓа бојата на карминот додека е во пакувањето, ставете малку течна подлога пред нанесување на карминот на усните.
На овој начин, буквално почнувате да создавате слика на чиста платно. Резултатот на бојата ќе биде сличен на оној што го гледате на пакувањето.
Направете свој печат
Направете да било кој кармин е долготраен, така што со хартија или салфетка ќе ги допрете усните, потоа повторно нанесете кармин и повторно наслонете ги усните на салфетка за да го отстраните вишокот сјај.