ТРХ (TRX) – Тренинг за обликување и зајакнување на целото тело со помош на ленти

Сосема нов пристап кон тренинг во кои ја користиме сопствената телесната тежина за да вклучиме што попоголем број на мускулни влакна.
Со ваков вид на тренинг истовремено се развива сила, рамнотежа, флексибилност и цврстина на зглобовите.
Што е ТРХ?
TRX е измислен од страна на американските маринци како средство за физичка подготовка на американските војници, многу брзо се разви во револуционерен метод со тренирање со сопствената тежина.
Тој претставува нова методологија на тренирање која вклучува тренинг на различни моторни вештини а во исто време ја развива модерната филозофија наречена “тренинг со суспензија” (висечки тренинг).
TRX реквизитот ви овозможува да правите стотици функционални вежби со кои ќе ја развиете силата, издржливоста, флексибилноста, рамнотежата, издржливоста, агилноста, стабилност на стомачните задни мускули, карличните мускули, мускулите важни за стабилизација на трупот, функционалната способност и превенција од повреди и побрза рехабилитација.
На кои се препорачува?
Предноста на овој реквизит е тоа што може да го користат вежбачи од различни категории на тренираност и различни физички способности.
Се препорачува подеднакво на рекреативците и професионалните спортисти, мажи и жени, стари лица, деца и тинејџери.
Посебно се препорачува за оние кои имаат проблеми со грбот, потоа на луѓето кои многу седат и чии грбни мускули се ослабени, со само неколку тренинзи мускулите ќе зајакнат и ќе ја преземат својата функција.
Иако концептот е прилично едноставен, се уште има многу работи кои треба да ги знаете за т.н.. ” core ” тренинг (тренинг кои го зајакнува срцето на телото).
TRX е вистинската работа за тоа! Прочитајте некои од основите тука и потоа право на тренинг!
Откако TRX тренингот завладеа во фитнес светот, беше очигледно дека сите, не само американската морнарица, може да постигне големи резултати и одлична форма.
Со помош на две висечки траки, TRX е ефикасен начин за изградба на мускулите, и комбинира кардио тренинг со тренинг на сила.
Зошто треба да се вежба ТРХ?
На кратко, постои повеќе од една причина …
Одличен е за почетници и “фитнес наркомани” а не да ги споменуваме оние кои се секогаш во движење, и никогаш немаат време, бидејќи за само 20 минути може да се направи неверојатно ефективен тренингот за целото тело!
Две висечки траки овозможуваат голем број на вежби кои помагаат да се подобри силата, рамнотежата и флексибилноста.
Слобода на движењето, само тежината на вежбачите без тегови и шипки.
Што треба да се очекува?
Очекувајте голем број на вежби и варијации и никогаш здодевен тренинг. Не плашете се, вежбите може лесно да се прилагодат на вашето фитнес ниво.
На почетокот на курсот ќе почнете полека а потоа ќе прејдете кон следното ниво, но ако станете зависник од вежбање, TRX-от може да ви одговори и на најголемите предизвици!
Дишете правилно додека го вршите секој движење и слушнете го вашето тело.