УМЕТНИЧКОТО ЛИЗГАЊЕ – ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ СПОРТ

Уметничко лизгање е зимски спорт во кој индивидуалци, парови или групи на луѓе изведуваат скокање, пируети и други потези на мраз, често придружени со музика.
Лизгачите се натпреваруваат на повеќе нивоа, од почетник да професионалец, на национални и меѓународни натпревари.
Меѓународната Лизгачка организација (ISU) е определена за натпреварите и судењето на нив.
Уметничкото лизгање е едно од избраните спортови на Зимските Олимписки игри.
Главните меѓународни натпревари најчесто ги организира лично ИСУ (ISU).
Тука се вклучени Зимските Олимписки игри, Светското првенство во уметничко лизгање, ИСУ – Гранд При и Европското првенство во уметничко лизгање.
Самиот спорт е исто така, тесно поврзан со шоу-бизнисот.
Главните натпреварувања вклучуваат егзебиции во кои најдобрите лизгачи извршуваат точки по избор, без забрани и ограничувања пред публиката.
Многу лизгачи денес и во текот на неговата кариера, како и по завршување, лизгаат и учествува во лизгачките егзебиции и претстави обично на крајот на годината на лизгачката сезона (обично во лето и пролет).
Опрема
Обувките за уметничко лизгање се викаат лизгалки и се разликуваат од обичните и од оние лизгалки за хокеј.
Типична и вообичаена боја на лизгалки за мажите е обично црна, додека за жените е обично бела или месо боја.
Иако постојат и други бои, но овие се едноставно стандардни.
Облеката за уметничко лизгање вклучува фустани и сукњи за жените а хеланки или панталони за мажите.
Што се однесува кога се настапува на натпреварите, овие парчиња облека може да бидат комплицирано дизајнирани и да достигнат цена од илјада долари па нагоре, во зависност од дизајнерите.
Облеката за натпреварите кај мажите и кај жените, особено во танц дисциплина, се театарски и откриваат се, и покрај жалбите и молбите да се забрани таква облека која дава впечаток на “прекумерна голотија”, и дека не се соодветни за таков спорт, опрема е сеуштеиста, за среќа за сега не се зборува за забрана и промена.
ДИСЦИПЛИНИ
Олимпискиот спорт уметничко лизгање ги опфаќа следниве дисциплини:
• Поединечно натпреварување за мажи и жени.
• Спортски парови (тимот се состои од мажи и жени)
• Танцувачки парови.
Други дисциплини кои ги вклучува уметничкото лизгање:
• Синхронизирано лизгање
• Задолжителни фигури
• Moves in the field
• Fours
• Theatre on ice
• Адагио лизгање
• Special figures
• Акробатско лизгање.