Утрински правила за рамен стомак

Велат дека по утрото денот се познава и затоа би било подобро уште во кревет убаво да се насмевнете кога ќе се разбудите.
По позитивните мисли, потрудете се да ги почитувате следните правила :
1- Испиј те чаша вода!
Пред да појадувате барем 15 минути испијте една чаша вода. Ќе ве засите и ке ви го исполни телото со течност доволно за прочистување на мастите и јаглените хидрати преку мокрачата.
2- Појадувај те !
Ова е многу важно правило “НЕ ПРЕСКОКНУВАЈ ТЕ ГО ПОЈАДОКОТ” без оглед на тоа колку и да ви се чини дека не сте во можност да јадете пред да одите на работа, потрудете се во секој случај да го направите тоа.
Појадувајте најмногу еден час по станување од кревет, не чекајте да дојдете на работа.
3- Внесете протеин
Доколку го започнете денот со протеини, ќе бидете сити подолго време.
Обидете се да јадете јајца, интегрален леб, печеница или грчки јогурт.
Протеините ќе ве држат сити подолго време, бидејќи побавно се варат.
4- Задолжително каснете една банана
Ние веќе многу пати напишавме за ова навистина неверојатно овошје и неговите супер моќи.
Бананите ќе ве снабдат со енергија и ќе го поттикнат лачењето на серотонин, хормонот на среќата.
Се pазбира, ако сакате да се изгледате блескаво како Жизел или Хајди Клум, ќе морате многу повеќе да обрнете внимание на вашето тело, редовно да вежбате и да внимавате на внесот на масти и јаглехидрати.