Фактори кои го зголемуваат ризикот од рак

Гледајќи ги статистичките податоци од година во година, станува навистина страшно колку брзо се зголемува процентот на луѓето заболени од рак во светот, и одамна е јасно дека болестите од овој тип, кои не биле толку застапени во минатото, од ден во ден носат се повеќе човечки животи.
Како единствен разумен одговор на прашањето зошто тоа се случува, постои мислење дека е виновен современиот начин на живот.
Има бројни научни студии кои се занимаваат со ова прашање, повеќето од нив досега ставија јасно до знаење дека има четири главни причини.
ПУШЕЊЕ
Првата и најголема причина за рак е пушењето. Тоа е познат фактот одамна и парадоксално е тоа што е добро познато и на самите пушачи.
“Повеќето видови на рак можат да се спречат, а проценките се од 80 до 90 проценти од малигни заболувања, кои се поврзани со пушењето”, вели Греам Колдиц, професор по епидемиологија на Универзитетот во Вашингтон.
АЛКОХОЛ
Пиењето алкохол е вториот најголем ризик фактор кога станува збор за појавата на ова сериозно заболување.
Експертите се едногласни дека уживањето во алкохол треба да се минимизира, како и дека дневна доза не смее да биде повеќе од еден пијалок за жени и два пијалоци за мажи.
ДЕБЕЛИНА
Прекумерна телесна тежина е следниот фактор. Индексот на телесна маса (БМИ) треба да биде помеѓу 18,5 и 27,5 не повеќе.
Се што е претерано претставува ризик за развој на оваа болест како и за дијабетес и кардиоваскуларни болести и ја зголемува можноста за добивање на малигни болести на некое од ткивата.
НАМАЛЕНА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ
Главниот проблем на модерниот начин на живот кои стои зад целата листа на болести кои заземаат се повеќе замав е и ракот.
По овој параметар, лица изложени со низок ризик за развој на оваа болест вежбаат со умерен интензитет најмалку 150 минути неделно.