Физичката активност е многу важна за дијабетичарите

Кај луѓето со дијабетес постои опасност од појава на отворени рани, особено во областа на ногата.
Исто така, чести нарушувања се и распукана кожа на петиците, отоци на глуждовите, тешко зараснување на отворени рани.
Дијабетското стапало може да биде проблем. Затоа треба да се работи на превенција, за да се избегнат сите овие проблеми, кои се последица на дијабетес.
Лекарите препорачуваат редовна физичка активност, и голем број на други мали правила кон кои треба да се придржуваат дијабетичарите.
Болка во нозете во текот на одморање од активностите на телото, или за време на движење, и суво и испукана кожа на стапалата, чести проблеми се кај дијабетичарите.
Овие симптоми треба да се спречат, бидејќи не се лечат.
За да се спречат нови деформитети, се препорачува редовна проверка на кожата на стапалото.
Напукнување на кожата се спречува со редовно бањање на нозете во топла бања, и негување со лосиони за нега на кожата.
Дијабетичарите не треба премногу време да поминуваат седејќи, бидејќи тоа е најбрзиот начин за да отечат нозете.
Најважно е што повеќе време да посветат на прошетки. Но, и одењето треба да биде удобно и се препорачуваат лесни обувки.
Чорапите не треба да бидат од премногу цврст ластик, бидејќи тоа врши притисок врз протокот на крв, а со тоа се успорува циркулацијата.
Ако не се придржувате на превентивните мерки можни се артротични промени. Тие се резултат на чести повторувања на проблеми со нозете.
Кај дијабетичарите, мускулите на нозете често се тенки, односно, мускулна маса е слаба, а зглобовите тешко се движат.
Активни, пасивни и активно-потпомогнати вежби за нозете и стапалата ќе ви помогнат да се спречат проблемите, кои се предизвикани од дијабетес.
Ако почувствувате силна болка во нозете, тоа не е добар знак. Треба да се консултирате со лекар за да ви вклучи физикална терапија или треапија со аналгетици.
Инаку, промени во периферните нерви може да предизвикаат сериозни и трајни оштетувања.