Фил Хит шести пат Мистер Олимпија!

За време на викендот кој е зад нас, сите љубители на бодибилдингот и фитнесот гледнаа во насока на Лас Вегас, американскиот град који овој пат беше домаќин на најголемиот бодибилдинг натпревар на планетата Мистер Олимпија.
Познатиот натпревар основан од страна на легендарниот Џо Вејдер се одржа по 52 пат и како и секоја година претходно беше повеќе од интересен, и веќе шеста година по ред заврши во знакот на истиот човек.
Се работи за великанот Фил Хит, човекот кој уште еднаш дојде на натпреварот во најатрактивната категоријата и целосно заслужено продоли да оди по стапките на најголемите.
Го стигна Доријан Јетс, Шварценегер е следниот предизвик
Низ најголем број на можни триумфи во светот на бодибилдингот, Фил Хит започна во 2011 година, а со оваа последната дојде до 6ти “Sandow” во својата витрина.
На овој начин, се стави на вечната листа со познатиот Доријан Јетс а пред него сега се само тројцата најголеми.
Ако здравјето го послужи следната година може да го стигне и големиот Арнолд Шварценегер, кој застана со седум титули, а осум имаат само Ли Хени и Рони Колман.
Шон Родин ги води “останатите”
Малку изненадувачки но Шон се најде во втората позиција и го освои сребрениот медал, оставајќи го зад себе неверојатниот ветеран Декстер Џексон кој на 47-годишна возраст изгледа можеби дури и подобро од било кога.
Maмдух Илсбеј “Биг Реми” е на четвртата позиција, а петти е големиот Вилијам Бонака – најголемиот човек во натпреварот, а последен е Роли Винклер кој се појави во вистинско монструозно издание.
Вреди да се каже дека, најголемото изненадување во топ 10 се најде името на младиот 25-годишен Џастин Комптон, кој според мислењето на експертите веројатно во иднина ќе биде едно од најголемите имиња во бодибилдингот.
Импресивниот ветеран Кевин Ливрон заслужува почит и без посебен пласман
Човекот кој веќе е многу почитуван во светот на професионалниот бодибилдинг, каде што има статус на еден вид на легенда, Кевин со самата појава меѓу момците на сцената предизвика дополнителнно восхитување.
По 13 години пензионирање, за нешто помалку од шест месеци се спреми и излезе на најголемата сцена каде што се покажа дека не постои товар од 52 години на грбот и не значи ништо кога човек е ментално силен.
Не се квалификува во потесниот круг на такмичари и остана на 16тата позиција со Курјем, Локит и Оследил.
Флекс Луис како Хит недопирлив во својата 212 категорија
Како што Фил Хит ја освои шестата титула Мистер Олимпија во owerall категорија, во “Бодибилдинг 212”, во која натпреварувачите се до 95 килограми, недопирлив е Флекс кој ја освои титулата по петти пат и го одбрани својот статус како голема бодибилдинг ѕвезда.
Веднаш зад него се најде импресивниот дебитант Ахмад Ашканени, човекот за чиј успех говори фактот дека минатата година се натпреваруваше на аматерско ниво, додека оваа година многу блиску му пријде и на самиот Флекс.
Зад нив останаа Жозе Рејмонд, Едуардо Кореа, Дејвид Хенри, Хидета Јемегиши и многу други.
Men’s Physique повторно во знакот на Џерими Буенди
Исто како и претходните две години, Џереми беше суверен во најмасовната категорија Men’s Physique, втор беше Рајан Тери, зад која беа Џереми Потвен, Брендон Хендриксон, Андре Фергусон, Џорџ Браун, Џејсон Постон …
Првиот историски Mr. Olympia Classic Men’s Physique му припадна на Дени Хестер
Категорија која е замислена како збир на бодибилдери кои со своите симетрични тела продолжуваат таму каде што застана златнатата ера на бодибилдингот, од оваа година е вклучена во програмата г. Олимпија а чест да победи прв во оваа категорија ја имаше Дани Хестер.
Среброто го однесе Арах Рахбар, бронзата Садик Хаџовиќ, а зад нив се најдоа Брион Еншли и петти големиот млад Дарен Чарлс.
Во Women’s Physique триумфираше Џулиен Мелекарен
Прва од четирите категории во кои се натпреваруваа дами, Women’s Physique категорија во која оваа година победи Џулиен.
Меѓу првите пет уште влегоа Даниел Рирдон, Хедер Грејс, Кира Њуман и петта беше Џејми Пиндер.
Оксана Гришина повторно златна медаља во Фитнес категоријата
Она што се Фил Хит и Флекс Луис во нивните категории, полека но сигурно во фитнес категоријата за жени станува Оксана.
Оваа дама веќе трета година по ред не знае за пораз на најголемата сцена па Тањи Џонсон мораше да се задоволи со среброто и Реџина Ди Силва со бронзениот медал.
Pro Figure и припадна на Латоја Ветс
И за Латоја и Pro Figure категорија може да се рече дека историјата се повторува, бидејќи оваа дама втора година по ред натпреварот го завршува со златен медал околу вратот.
Натпреварот Кендис Луис го заврши како втора, Сидни Гилтон како трета, Никол Вилкинс како четврта и Свон Де Ла Роса како петта натпреварувачка.
Кортни Кинг победничка во PRO Bikini категоријата
Женската категорија ПРО бикини која секогаш привлекува најмногу внимание, оваа година беше освоена од Кортни Кинг.
Оваа дама победи во натпреварот, по неа беше Анџелика Тешеира, Индија Паулино, па шампионката од минатата година Ешли Калтвасер.