Фолна киселина – за нервниот систем, раст и развој

За што се користи фолната киселина?
Фолната киселина е важна за нормалното функционирање на мозокот, за ментално и емоционално здравје.
Спречува раздразливост, замор, депресија, недостаток на концентрација, несоница.
Учествува во создавањето на ДНК и РНК, генетскиот материјал на организмот и е особено важна кога ткивата и органите расте брзо растат (бременост, детство).
Фолната киселина и витаминот Б12 учествуваат во создавањето на црвените крвни зрнца, кои го пренесуваат кислородот до сите делови на телото.
Фолната киселина е корисна за некои видови на анемија (мегалобластна анемија поради недостаток на фолна киселина), и кај некои видови на анемија може да го прикрие дефицитот на витамин Б12 и така да предизвика оштетување на нервните клетки.
Фолна киселина, витамин Б6 и Б12 влијаат на нивото на амино киселината хомоцистеин во крвта.
Зголеменото нивото на хомоцистеин се поврзанува со срцеви заболувања, депресија, Алцхајмерова болест.
Дефицит на фолна киселина е поврзано со дегенеративни нервно оштетување и Паркинсонова болест.
Кај бремените жени се потребни поголеми количини на фолна киселина.
Ниско ниво на фолна киселина во бременоста е поврзана со деца со ниска телесна тежина и зголемен ризик од оштетување на невралната туба (спина бифида) и мозокот.
Невралната туба е формација од која настануваат мозокот и ‘рбетниот мозок.
Оштетување на плодот
Со цел да се спречи недостаток на фолна киселина, на бремените жени им се препорачува да користат фолна киселина во текот на првите 12 недели од бременоста.
Сепак, најдобро би било организмот на жената да има доволно количини на фолна киселина пред забременувањето, бидејќи виталните органи се формираат во првите недели од бременоста (и пред една жена да знае дека е бремена, и пред да има препорака треба да користи фолна киселина).
Жените кои сакаат да забременат во случај на неправилна исхрана, се препорачува употребата на 400 мцг на фолна киселина дневно.
Мултивитаминските препарати за трудници и жени кои планираат бременост обично содржат 400 мцг од овие киселини.
Се чини дека може да спречи спонтан абортус, иако не е утврдена јасна врска.
Срцеви заболувања
Фолната киселина може да го заштити срцето и крвните садови. Постои врска помеѓу покачените нивоа на хомоцистеин и шансите за срцев и мозочен удар.
За сега, некои експерти сметаат дека со намалувањето на хомоцистеин може да се намалат и шансите за развој на срцеви заболувања, срцев и мозочен удар.
Депресија
Практиката покажа дека некои луѓе се депресивни поради дефицит на фолна киселина, и што повеќе фолна киселина имнедостасува тогаш депресијата е поизразена.
Ниско ниво на фолна киселина е поврзано со слаб одговор на антидепресиви.
Рак
Фолната киселина, според некои истражувања, може да штити од рак на дебелото црево, градите, грлото на матката, панкреасот и желудникот.
Не е јасно воспоставена врската и улогата на фолната киселина во можно антиканцерогено дејство.
Сепак, фолната киселина е неопходна за развојот на секоја ќелија, според некои експерти, може да придонесе за растот на ракот, кои инаку можеби имунолошкиот систем би го уништил.
Мислењата се поделени, но додека повеќе не се знае, најдобро е луѓето кои имале канцерогени заболувања да не ја земаат на своја рака оваа киселина.
Недостаток на фолна киселина е поврзан со остеопороза.
Се покажа дека луѓето со високо ниво на хомоцистеин и ниско ниво на фолна киселина имаат зголемена шанса за срцеви заболувања, старечка деменција и остеопороза и фрактури на коските.
Во кои намирници има фолна киселина?
Богати извори на фолна киселина се спанаќ, темно зелен лиснат зеленчук, грав, соја, црн дроб, пивски квасец, цели зрна на житарки, млеко.
Ако постои недостаток на ензими за варење, усвојувањето на фолна киселина се намалува до 50%.
Фолната киселина се применува особено во комплексот на Б витамини или мултивитамини.
Која е препорачаната дневна доза?
Повеќето луѓе не можат да добијат потребна количина на фолна киселина од нивната исхрана.
Само бремените жени треба да водат сметка (по можност и пред забременувањето) за адекватна доза и по потреба, лекарот може да советува дополнителна доза на фолна киселина.
Препорачана дневна доза на фолна киселина:
•Деца
0-6 месеци: 65 мцг
7-12 месеци: 80 мцг
1-3 години: 150 мцг
4-8 години: 200 мцг
9-13 години: 300 мцг
14-18 години: 400 мцг
•Возрасни
над 19 години: 400 мцг
Бремените жени: 600 мцг
Доилки: 500 мцг
Дозите кои се пропишани со цел да се спречи низа болести на срцето се од 400-1200 мцг.
Сепак, високи дози на фолна киселина може да маскираат дефицит на витамин Б12 затоа не треба да ги земате на своја рака.
Фолната киселина се користи како лек (Folan, Folnak) – доза од 5 мг (по консултација со лекар) и како додаток во исхраната – доза на 400 мцг (се наоѓа во слободната продажба).
Кога може да дојде до недостаток на фолна кислеина?
Благ недостаток на фолна киселина е многу честа појава во нашето население.
Дефицит се јавува кај алкохолизам, синдром нервозно дебело црево, целијачна болест, кај употреба на одредени лекови.
Во отсуство на фолна киселина може да дојде до застој во раст и развој, воспаление на непцата, губење на апетит, отежнато дишење, дијареа, раздразливост, заборавеност, ментална затапеност.
Кој има потреба од зголемена количина на фолна киселина?
Зголемени количини на фолна киселина се потребни за жени кои планираат да забременат, бремените жени, децата во период на раст и развој.
Дали е можно да внесете премногу фолна киселина?
Фолната киселина е растворлива во вода и се излачува преку урината.
Ако високи дози на фолна киселина се земаат во текот на подолг временски период може да се замаскира дефицитот на витамин Б12, што доведува до оштетување на нервните клетки.