ФРЕНК ЗЕЈН- ЛЕГЕНДА НА БОДИБИЛДИНГОТ

Иако не беше меѓу најкрупните, Френк е без сомнение еден од најдобрите бодибилдери кој некогаш настапиле пред светлата на сцената.
Помеѓу 1968 и 1972 година, ја освои титулата Mr. America, Mr. International, Mr. World и три титули на Mr. Universe.
Кога ја освои својата прва титула Mr. Universe, некој со име Арнолд Шварценегер во својата премиерна изведба го зазеде местото веднаш до него.
Подоцна се покажа дека Зејн беше еден од тројцата кои успеале во секој натпревар.
Меѓутоа Зејн е најзапаметен како освојувач на последователните две титули на Мистер Олимпија 1977-1979 кога неговата класична естетика и детално дефинирање ги фрли на колена Голијатите од тоа време.
Зејн предавал математика и хемија во средно училиште цели 13 години, но желбата за знаење го направи да се врати на студиите и да собере уште една диплома по психологијата и да магистратура на експериментална психологија.
Без конкуренција, гениј! Денес зборуваме за важноста на постојаното учење и неговото значење за континуиран раст и напредок, но и за деталите од неговиот тренинг на стомачни мускули од крајот на 70-тите.
Во тоа време, неговиот среден дел од телото бил главна причина зошто тој победуваше многу поголеми момци од себе и го освои златниот Sandow три последователни години по ред.
ЗЕЈНОВАТА ЕВОЛУЦИСКА ТЕОРИЈА
Секогаш учам. Ако не вложев напор во постојано учење на нови начини за подобрување на мојата фигура, дефинитивно не би бил ни блиску до тројната победа на Мистер Олимпија.
Со секоја промена во сознанијата за исхраната, тренингот и менталниот пристап, ја менувам својата целокупната филозофија. Животот е промена.
Без промени стагнираме како индивидуи. Истото е и со бодибилдингот. Секако не тренирам и не јадам на истиот начин како што правев пред 10 години.
Научив како да го поправам тоа, и уште побрзо ги подобрив резултатите.
Денес се надевам дека ќе научам нешто ново што уште утре ќе можам да го применам при мојот тренинг.