Функционален тренинг – прв дел

Денес фитнес експертите препорачуваат функционален тренинг за снага, како најдобар начин за подобрување на мускулната координација, сила и издржливост.
Функционалниот тренинг ќе ја поправи мускулната рамнотежа, стабилноста на зглобовите и ќе не подготви за секојдневните активности и одговорности.
Некои од светски познатите фитнес авторитети целосно гиннегираат естетските цели на вежбите, само ја уважуваат нивната применливост во создавање на функционални единици, односно здраво и корисно тело.
Револуцијата на функционалниот тренинг во светот на фитнес индустријата одамна е започната.
Кај нас постепено се воведува процесот на тренинг, пропорционално се зголемува бројот на обучени и квалификувани лични тренери и фитнес инструктори.
Изолираните апарати во салата не се минато.
Всушност, поради нивната едноставна примена и ефикасност, ќе се најдат во програмата на секој фитнес ентузијаст, но науката за физички вежби напредуваше и затоа се поставуваат нови правила за иднината на фитнес центрите.
Денес, добро дизајнирани и составени рекреативни програми го уважуваат телото како целина.
Кинетичкиот синџир не може да да се гради само со изолирациски вежби, туку треба да биде сеопфатен, интегриран пристап за вежбањето, бидејќи како што сите знаеме: “Целината е повеќе од збирот на нејзините делови”.
Споредете ја физиономијата на врвен спринтер во атлетика со мнозинство на бодибилдинг популацијата во било кој фитнес центар.
Без оглед на големата разлика во мускулна маса, огромното мнозинство на луѓе, особено женската популација секогаш ќе се согласат дека максимално и конзистентно во текот на годината дефинирано тело на врвнен спортист е многу повеќе атрактивно отколку сурово, непропорционално и сосема бескорисно тело градено надвор од салата за вежбање.
Секоја чест на природните бодибилдери кои во нивната рутина искомпонирале различни спортски активности и успеале да ја комбинираат функционалноста на големата мускулна маса, но такви има многу малку.
Важно е да се задржат добрите потези и држење со сите естетски цели кои сакаме да ги постигнеме, како што се мускулната маса, дефиниција и симетрија.
Во фитнес центри често гледате момци кои имаат изградено импресивен горен дел од телото, додека неговите нозе благо кажано заостануваат во развојот.
Исто така, прекумерна употреба на bench press и потисок а занемарување на антагонистичките групи мускули на грбот, што ги трансформира дури и атлетски градените момчиња, во суштества налик на неандерталци, со апологетско држење на телото.
Без навреда за нашиот Крапински праисторискиот човек и другите предци. Нивното силено и агилно тело било дизајнирано за да преживее, а не за шоу.
Значи заклучуваме дека најдобра комбинација е функционален тренинг и добро осмислен традиционален тренинг за сила во салата.
Ваков холистички пристап комбинира естетски цели: зголемување на мускулната маса, намалување на поткожното масно ткиво и симетрично обликување на телото по желба на клиентот, додека не се загрози правилно држење на телото и убаво движење.
Во првиот дел од овој текст ќе ве запознаеме со фитнес реквизит кој е многумина ги воодушеви на прв поглед, а во целост ги содржи сите карактеристики на функционален тренинг и многу повеќе.
GYMSTICK (џимстик) припаѓа на плејадата функционална опрема кои го имаат преплавено пазарот во последните неколку години, но се издвојува од просечната опрема поради различната намена, достапна цена и леснотијата во користењето.
Идеален е за рекреативни вежба поради сите овие карактеристики.
На почетокот бил замислен како реквизит за програми за рехабилитација поради безбедноста на неговата употреба, проприоцепцијата и рамнотежата, флексибилноста и отстранување на мускулната преоптовареност.
Исто и поради функционалноста, лесното составување на специфични вежби и зајакнување на основните мускули, се применува во сите спортови како за младите спортисти така и за професионалците.
Комбинирање на GYMSTICK со тренинг во салата ќе го направи вашиот тренинг разноврсен и ќе ви помогне да развиете и да го подобрите на повеќе начини.
Многу е корисен и интересен како реквизит за вежбање во групи, па затоа не е чудно што многу Фитнес центри го вклучија во концепцијата на нивните часови по јога, пилатес, итн.
Исто така е корисен за работата на личен тренинг во групи. Се користи во програмите за подготовка за скијање, како и други видови на лични обука во групи.
Клиенти сакаат различни вежби и слобода на движењето што им овозможува гамстикот, исто така тој е исклучителна алатка која ги зајакнува лигаментите и малите постурални мускули, што го прави крајно ефикасен во подготовката на рекреативните скијачи.
За оние кои не можат или не сакаат да тренираат во фитнес центрите “Gymstick” е идеално решение за вежбање дома .
Самото име на реквизитот објаснува дека тоа е уред кој може да ги замени сите опреми во салата, но исто така да обезбеди многу повеќе отколку само изолациски тренинг.