Цена на здравјето која ја платија најголемите шампиони

Сите четворица заедно имаат освоено дури 29 титули Мистер Олимпија и затоа важат за најголеми легенди во бодибилдингот.
Тие се стекнаа со светска слава, заработија милиони и нивните имиња останаа запаметени во историјата и сигурно за нив ќе се зборува и долго време откако ќе ги нема.
На кратко, постигнаа се што може да се оствари во професијата, професија која човечкото тело го тера да прегази преку границите на способноста на обичниот човек.
Сето ова неизбежно води кон последиците од здравствени проблеми кои се пропратен ефект на нивниот успех.
Тие ги ставиле нивните тела на максимален предизвик и тоа беше нивна жртва а медалите и успесите се резултат на нивните вложувања и труд.
Другите “нормални” луѓе се прашуваат дали вреди а всушност овие луѓе треба да донесат заклучок откако ќе соберат и одземат се што е поврзано со кариерите на овие Великани.
ДОРИЈАН ЈЕТС
Човекот кој има направено пресфрт во професионалниот бодибилдинг со своето појавување на сцената, а потоа и со шесте освоени титули последователни на Мистер Олимпија, за време на неговата кариера тој мораше да се справи со серија на болни повреди.
Доријан Јејтс ги скинал лигаментите на левото рамо, го повредил десниот бицепс, левиот трицепс и двата колка.
Пред сè, се здоби со раптура на стомакот и како индиректен резултат од неговите многу повреди.
Ништо од ова не треба да биде зачудувачки кога на пример: само еден потисок на клупата го правел со 205 кг тежина, комплицирани хак сквотови со 300 килограми!
АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР
Без сомнение Најголемата икони на бодибилдингот Арнолд Шварценегер, човекот кој седум пати ја освои титулата за најдобар на планетата.
Иако е познато дека мртвото кревање го правел со речиси 320 кг тешки тегови “, Австрискиот даб” посебно внимание придодавал на супер сериите, кои ги сметал за најефикасен систем за принудување на мускулите да напредуваат.
Без оглед на тоа што оваа техника со 10 до 20 повторувања, е еден од најсигурните кога се повредите во прашање, ниту кариера на Арнолд не помина без повреди.
По завршувањето на неговата кариера како бодибилдер, Шварценегер бил подложен на две операции на рамото и менување на колк.
Најголем проблем е неговиот режим бидејќи тој многу повеќе време поминувал кревајќи тегови од другите конкуренти, кои практикуваа да вежбаат повеќе во стил на популарнажите режими.
РОНИ КОЛМАН
За легендите на бодибилдингот, едноставно не може да се зборува без да се спомене Рони Колман – осум пати Мистер Олимпија и еден од двајцата најнаградувани шампиони на сите времиња.
Брутално големата мускулна маса и неверојатните тренинзи кој резултираа во неговото создавање, го зедоа својот данок на здравјето.
Всушност и најпознатиот бодибилдер некогаш, од 2007 година до денес, имал седум операции.
Повеќето од нив се поврзани со ‘рбетните дискови а со последната операција Колман доби нови колкови за кои тој морал да научи повторно да оди.
Ножна преса правел со тежина од повеќе од еден тон, веслање со Т-шипка и 250 кг, сквотот со 360 килограми, станал најголем Мистер Олимпија-жива легенда, заработи во текот на својата кариера околу 10 милиони долари, вака изгледала кариерата на Колман.
Можеби седумте операции се сосема фер и не е премногу висока цена за се што тој остварил.
ЛИ ХАНИ
Бодибилдингот е спорт во кој е сосема нормално појава на највисоко ниво да се појават такмичари во доцните 40-ти години од животот, па дури и со 50 години.
Примери за такви великани има многу. Меѓутоа уз Рони Колман рамо до рамо како најтрофеен на сите времиња се наоѓа легендарниот Ли Хани.
Човекот кој има освоено осум титули на Мистер Олимпија и се повлече од активниот бодибилдинг на возраст од 31!
Колку што неговата кариера е импресивна, како и самиот тој, можеби најдобро зборува фактот дека освен факторот на среќа, секогаш знаел кога треба да запре и тој речиси целата своја кариера ја помина без повреди.
Хани никогаш не беше фокусиран на вежби со огромни тежини и мал број на повторувања, и секогаш се трудел да секое повторување биде совршено направено, големо значење придодавал на мускулната контракција и поврзување на умот и мускулите во текот на правење на сериите.
Многу е веројатно дека сево ова го спречило да достигне апсолутен максимум но му овозможи и да го зачува своето здравје.