ЦРВЕНО СМУТИ

Грозјето и брусниците се одличен извор на витамин Ц и антоцијанин (состојка што ги обојува овие две овошја во темно црвена боја).
Антоцијанинот и витаминот Ц се моќни антиоксиданси кои помагаат во обновување и забавување на стареење на клетките.
Овој пијалак е идеален за подигање на енергијата или опоравување после тренингот.
Состојки (3 дл):
• 30 гр протеин од сурутка со вкус на ванила PRO WHEY SHAKE 700 гр
• 120 гр црвено грозје
• 10 гр брусница
• 5 г ленено семе
• 4 коцки мраз
Начин на подготовка:
Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат добро.
Нутритивни вредности:
Енергетска вредност: 254 калории
Протеини: 26 гр
Масти: 4 гр
Јаглехидрати: 33 гр
Влакна: 3 гр
Кога ќе го сервирате ова смути, можете да го декорирате по избор со било кое друго овошје како на пример јагоди, портокал, банана, лимон …