ЧИА СЕМЕ – ЗОШТО ТРЕБА ДА ГО ЈАДЕТЕ ОВА ВОЛШЕБНО СЕМЕ ?

Ова лековито семе многумина го дефинираат како магично, намирница која чини мали чудесии во нашиот организам. Еве во што се состои тајната…
Што е чиа семе?
Веруваме дека голем дел од вас и никогаш не слушнале за ова семе, иако тоа постои веќе неколку илјади години.
Ацтеките први го споменуваат чиа семето како основна храна која што ја користеле во рамките со религиските обреди, но и во медицински цели.
Како може да го консумираме чиа семето?
Чиа семето има многу благ и пријатен вкус, а наједноставен начин за да го консумирате е да го изблендирате во некое смути, или да го ставите во некоја витаминска, лесна салата, а може и да ги консумирате самостојно.
Трикот е да ги потопите на 15-тина минути во вода, што е сосема доволно за да “пораснат” до големина којашто е 10 пати поголема од нивната вообичаена.
Како и со овесната каша, колку што е семето поголемо, толку побрзо вашиот стомaк ќе ослободи хормони коишто ќе ве известат дека сте веќе “полни”.
Ова семе кога ќе се потопи во кокосово млеко и се изблендира со бадеми и ананас, прераснува во еден многу вкусен, а притоа и многу здрав десерт.
Исто така, може да ги додадете во теста кога правите леб и мафини.
Кои се основните бенефити на чиа семето?
Чиа е билка којашто е најбогата со Омега-3 масни киселини, протеини и влакна, а исто така содржи и значаен број на витамини, минерали и антиоксиданси.
Чиа семето е одлично за регенерација на кожата, но и за согорување на мастите, го зајакнува организмот и позитивно влијае на органите за варење.
Нутриционистите се согласуваат дека чиа семето е едно од најбогатите кое може да го консумирате ако се чувствувате слабо и без енергија, бидејќи влијае на работата на мускулите и ослободува енергија во вашето тело, па токму затоа често го употребуваат токму спортистите.
Ова семе содржи и 37 отсто прехрамбени влакна кои ја поттикнуваат работата на цревата.
Диетите, односно стриктната исхрана базирана на консумирање на ова семе се покажала како одлична превенција од рак на дебелото црево.
Причини за чиа семето да го консумирате секој ден:
● Oвие семиња не содржат глутен.
● Поради високата концентрација на влакна го подобруваат варењето и ги лечат симптомите на болестите на системот за дигестија.
● Поради 20-те отсто Омега-3 масни киселини кои ги содржат, спаѓаат помеѓу најдобрите намирници за здравје на мозокот и срцето. Содржат дури осум пати повеќе Омега-3 масни киселини за разлика од лососот.
● Содржат 20 отсто протеини.
● Содржат 8 видови на амино киселини.
● Важат за моќен антиоксидант, имаат четири пати повеќе антиоксиданти од боровницата.
● Содржат пет пати повеќе калциум од млекото.
● Содржат седум пати повеќе витамин Ц од портокалот.
● Содржат три пати повеќе железо од спанаќот.
● Содржат два пати повеќе калиум од бананите.
● Го поттикнуваат здравјето на кожата, косата и ноктите.
● Имаат позитивно влијание на нивелирањето на глукозата во крвта и затоа се одлични и за дијабетичарите.
● Чиа семињата се одлична замена за јајцата, само измешајте ги со вода за да се направи гел и додадете ги во рецептите како замена за јајца.
Колку семиња е потребно да се изедат за да се забележи нивното дејство?
Нутриционистите препорачуваат отприлика една лажица чиа семиња дневно, а кога ги користите, пијте многу вода бидејќи се многу богати со влакна.