ЧИНАП ЗГИБОВИ НА ВРАТИЛО (CHINUP)

Мускули на кои вежбата примарно делува: Сите категории на грбните мускули (особено горниот дел)
Секундарни мускули кои делуваат во изведување на вежбата: задно рамо, бицепс.
Како се изведува оваа вежба? – Во почетната фаза на тренингот на грб.
Како и изразот “pullup” тогаш мислиме на вежба каде што дланките гледаат према напред, каде што шипката ја примаме со натфат (примање на шипката од горе).
Кога се користи терминот ” chinup “, тогаш мислиме на вежба во која дланките се свртени кон телото а шипката (вратило) ја примаме со потфат (примање на шипката од долу).
Со потфат фатете се завратилото односно за шипката. Шипката фатете ја во ширина на рамената или малку потесно од ширина на рамената (дланките се свртени кон телото).
Целосно испружете ги вашите лактови за вашето тело да виси слободно.
Колената благо свиткани.
Кревајте се со рацете кон горе се додека вратилото (шипката) да ги допира горниот дел на мускулите на градите.
Во оваа позиција испружете се колку што е можно повеќе и затегнете го грбот. Полека вратете се на стартната позиција.
Оваа вежба е доста тешко, бидејќи се изведува со сопствената телесна тежина и почетниците најверојатно, нема да бидат во можност да прават поголем број на повторувања а напредните вежбачи ако дополнително сакаат да го зголемат интензитетот на вежбањето може да обесат плоча на појасот околу половината.