Чоколадото одлично за вашето здравје и расположение

Чоколадото е лек, афродизијак и можност за добро расположение. Таа го стимулира лачењето на хормонот на среќата, повеќе од страсен бакнеж.
Ако сте еден од ретките луѓе кои сакаат да подарат рози, не заборавајте го чоколадото.
Црното, млечното, она со јагоди, лешници … не е важно, на жените им е неодолива во било каква форма. Иако жените ја сакаат повеќе од мажите, имаат ист ефект, без оглед на полот.
Кога ќе почувствувате потреба да јадат нешто слатко, тоа е знак дека имате помалку лачењето на серотонин и ендорфин – хормони на среќата.
Чувството на среќа додека јадете чоколадо го предизвикува ендорфинот и ја зголемува активноста на серотонин, кој го продолжува чувството.
Чувството на топење чоколадо на јазикот е подобар од страсен бакнеж. Состојките во чоколадото имаат психоактивни ефект и прават вашето срце да чука побрзо.
Чуствата се посилни додека јадете чоколадо отколку за време на секс. Иако чоколадата има истиот ефект на сите омилена е меѓу жените.
Речиси и не постои жена која секојдневно не јаде барем една коцка.
Чоколадото содржи фенилетиламин, кој функционира во човечкиот мозок како невротрансмитер.
Таквите супстанции се серотонин и ендорфин. Настануваат во нервните клетки и веднаш дејствуваат, пренесувајќи информации од една до друга клетка.
Намаленото произвотство на серотонин во нервниот систем предизвикува лошо расположение и депресија.
Затоа нека не ве чудат сцените во романтичните филмови, кога една девојка која го раскинува со нејзиното момче јаде многу сладолед и чоколадо.
Серотонинот го регулира протокот на крв во мозокот, температурата на телото, го намалува апетитот, ги забрзува моторните функции и делува како аналгетик. Желбата за слатки е предизвикана од недостаток на серотонин.
Додека ние јадеме чоколадо ја стимулираме секрецијата на двата хормони на среќата – ендорфин во моментално чувство на задоволство и серотонин за долгорочно задоволство.
Само парче чоколадо во устата и ќе се чувствувате среќни, задоволни и заљубени.
Само внимавајте да не претерате бидејќи премногу серотонин ја намалува сексуалната желба.
Кај мажите оневозможува ерекција. Треба да се избегнува пред спиење затоа што може да предизвика несоница.
Во текот на ноќта, серотонинот се троши, затоа најдобро парче чоколадо да се јаде во утринските часови.
Значи, не претерувајте. Во нормални количини ќе ве направи среќни и ќе го одржи вашето здравје.
Темна чоколада за здравје
Во темнто чоколадо се наоѓаат антиоксиданси кои имаат позитивно влијание врз вашето здравје.
Темното чоколадо помага во контрола на крвниот притисок и дијабетис.
Истражувањата покажаа дека ако во период од 15 дена јадете 100 грама чоколадо на ден ќе го намали вашиот крвен притисок вас.
Сепак, треба да се биде внимателен при конзумирање на темно чоколадо.
Содржи антиоксиданси но исто така многу калории и масти.