Чорба од грашок и нане

Грашокот е исклучително важна нутритивна намирница.
Во 100 г свеж грашок има околу 80 калории, многу витамини, минерали и растворливи диететски влакна.
Како свежа мешунка расте во пролет, но може да се јаде во текот на целата годината конзервиран, замрзнат или сушен грашок.
Состојки
– 400 гр грашок
– 1 мала лажичка црвен бибер
– 1 главица кромид
– 1 главица лук
– 40 гр путер
– 1 супена лажица брашно
– 500 мл бујон по вкус
– црн бибер по вкус
– нане
Подготовка
На путерот ќе ги продинстате исечените лук и кромид. Потоа го додавате грашокот, бујонот и динстате.
Нането го сецкате го додавате во чорбата и динстате уште 5 минути. Чекате малку смесата да под олади и ја ставате во блендер.
Миксате додека не добиете изедначена смеса.
На крајот смесата пак ја враќате на оган и во неа го додавате брашното разредено со малку вода.
Додавате црн бибер и варите уште неколку минути.
Оваа чорба се јаде топла или ладна секако по ваш вкус.
Нутритивни вредности по порција:
Енергетска вредност: 132 kалории
Протеини: 5,5 гр
Масти: 5 гр
Јаглехидрати: 17,5 гр