ШЕСТ ЗЛАТНИ ПРАВИЛА ЗА МАЈКИТЕ

Како мајките и модерните жени се принудени да направат повеќе работи за пократко време.
Должностите на работа, домашните задолженија, семејството и пријателите понекогаш не присилуваат себеси да се ставиме на последно место.
Е ова не иде вака! Мајки! ставете се себе си и вашето тело во листата на задачи кои мора да ги завршите!
Еве ги моите шест златни правила за вас, така што ќе изгледате подобро, ќе се чувствувате посилно и ќе блеснете, во она малку време кое ќе успеете да го одвоите за себе!
1. ИЗГЛЕДАЈТЕ УРЕДНО, СРЕДЕНО И КЛАСИЧНО !
Нема ништо побрзо и ништо побрзо од коњска опашка кога ќе сакате да изгледате убаво, а имате време само пет минути.
Едноставно исчешлајте ја косата, врзете ја со лента во опашката и ставете ја над грбот или напред на градите.
Земете лак за коса за секое влакно од косата да е на свое место, додадете обетки или парче накит и подготвени сте за излегување! Изгледате уредно, средено и класично !
2. ШМИНКА ЗА 3 МИНУТИ
Се што ви треба е коректор за да го скриете уморниот изглед и темните кругови окулу очите, и малку пудер во прав за посвеж изглед на лицето.
На образите нанесете руменило, додадете малку маскара на трепките, нагласете ги усните и вашиот изглед ќе се трансформира од поспан во сензационални!
3. ИЗБАЊАЈТЕ СЕ ВО ТОПЛА БАЊА
Времето поминато во велнес центар може да биде многу скапо, но не и ако велнесот го прилагодите на бањата во вашиот дом!
Едноставно исклучите ги сите телефони и напишете белешка на вратата никој да не ви пречи.
Евтини свеќи, миризлива солена бања и релаксирачка музика е се што ви треба за да доживеете спа третмани кои ќе ви помогнат да се опуштите и да ги наполните батериите.
4. НАБАВЕТЕ ЕДНОСТАВНА ГАРДЕРОБА
Кога сте во брзање а во тој момент мора добро да изгледате, бидете сигурни дека во гардероберот ги имате “мора да се има” алишта.
Тоа се црни панталони, црна сукња до колена, пеглана бела кошула, модерен ремен и црно сако.
Уз сето ова купувајте згодни универзална чевли кои ќе одговараат со секоја комбинација и веќе нема да има потреба да се грижите за тоа што да облечете.
Облекувањето на брзината никогаш не било полесно.
5. ОДМОРЕТЕ СЕ
Ништо од вас не изгледа подобро од одмор. Не дозволувајте вашето скапоцено време да го губите на “сапуници ” и други видиви на безвезе емисии. Легнете си во разумно време.
Добар сон е основа за утрешното подобро расположение, функционирање и концентрација! Ви препорачуваме најмалку осум часа ноќен сон.
6. СВОИТЕ ТРЕНИНЗИ ТРЕТИРАЈТЕ ГИ КАКО ВАЖНИ РАБОТНИ СОСТАНОЦИ КОИ НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ОДЛОЖУВАТЕ !!
Вашите тренинзи можат да бидат важни деловни состаноци на кои не треба да доцните. Секогаш земетеси во предвид дека се состанувате сама со себе!
Телото ќе ви биде благодарно, бидејќи му се потребни предизвици. Кога го зајакнувате телото и вие се чувствувате подобро! Тоа е двојна победа!
Престанете да се лажете себе си дека ќе направите многу повеќе ако го прескокнете тренингот затоа што ви треба “слободно време”.
ЗАКЛУЧОК
Ако ги примените овие шест совети сигурно ќе имате повеќе енергија, сила и издржливост кои ќе ви помогнат во крајна цел да изгледате и се чувствувате подобро!
Насмевнете се и чуствувајте се добро 🙂