Шејк за зголемување на мускулната маса

Комбинацијата на гриз, со јаглени хидрати, масти и протеини кои се содржани во јајцето и млекото го има совршеното количество на калории кои ќе ја зголемат вашата мускулна маса.
Состојки :
50 гр гриз
50 гр овесни снегулки
1 банана
1 јајце
20 гр млеко во прав
Неколку капки екстракт од ванила
100 мл млеко
200 мл вода
Подготовка :
Измешајте ги сите состојки во блендер. Кога ќе добиете густа смеса, шејкот е готов.
Додадете неколку коцки мраз и послужете.
Овој шејк може да го конзумирате 2,3 пати дневно: пред тренинг, после тренинг и пред спиење.
Нутритивни вредности :
Енергетска вредност: 221 kалории
Протеини: 14 гр
Масти: 6 гр
Јаглехидрати: 33 гр.