Шејк за Турбо слабеење

Овој шејк треба да ви биде замена за утринското кафе…и за неколку дена ќе направи да се чувствувате многу полесно…
СОСТОЈКИ :
• 1/2 Банана
• 1 Праска со средна големина
• 1 Крушка
• 2 Сливи
ОПИС :
Ставете се во блендер и миксајте 10 секунди. Толку 🙂
• Банана
Бананите се лесни и содржат калиум, влакна, манган и витамин Ц, што ги прави одлични за децата. Тие ви помагаат полесно да заспиете, да го зајакнете имунитетот како и да го задржите калциумот во телото.
• Праска со средна големина
Праската е сочно овошје која е богата со витамин Ц, бета-каротен и антиоксиданси. За да ги подготвите праските за смути, измијте ги убаво, исечете ги на половина и отстранете ја семката. Нема потреба да ги лупите, особено ако користите органски праски.
• Сливи
Ова сочно летно овошје нуди значајна количина на антиоксиданси со висока количина на феноли и витамин Ц. Ако сакате да ставите сливи во вашето смути, прво измијте ги, исечете ги на половина и извадете ја семката. Нема потреба да ги лупите.
Хранливи вредности :
Енергетска вредност: 118 калории
Протеини: 1,38 гр
Масти: 0,76 гр
Јаглехидрати: 29 гр.