Шејк од домати и јогурт одличен за слабеење

Овој солен напиток е богат со антиоксиданси, витамини и хранливи влакна.
Состојки
2 средно големи домати
100 мл јогурт 1,5 мм
50 мл вода
10 мл сок од лимон
Состојките добро измешајте ги во блендер, а потоа додадете уште малку сок од лимон.
Алтернатива
Ако немате време, наместо шејк од домати, напијте се зелен чај или лимонада.
Лимонадата помага во чистењето на организмот, а зелениот чај не само што ќе ве стопли во ладните зимски денови туку го чисти телото од токсини, ги разградува мастите и ви дава енергија и чувство на ситост.
Хранливи вредности:
Енергетска вредност: 82 kcal
Протеини: 6 гр
Масти: 1,88 гр
Јаглехидрати: 12 гр.